Архива

За врвна имитација на Анчелоти клик тука

Тежок е за имитирање, ама овој му ги фатил спецификите и го кине во секој покрет, особено во начинот на радување за гол.

Страшна компилација од Дивац во Лејкерси

За Владе Дивац на нашиве простори чуле сите од 7 до 77 години, но ретко кој од помладите знаат каков играч беше. Најсвежи се сеќавањата од времето на Сакраменто (1999-2004), а задолжително треба да се погледнат и неговите потези уште од времето во Лос Анџелес Лејкерс каде потпиша во 1989-та и играше до 1996-та.

Девојко, па ти си ѕвер

71 од 71, неверојатно. Признаваме, ние не ги знаеме сите.

Човекот што учеше од многу тренери, седна на клупата на Ипсвич и го внесе во Премиер

Тренерот на Ипсвич, Северно Ирецот Киран Мекена направи чудо откако овој клуб прво го внесе од трета во втора лига, а сега и во елитната и богата Премиер лига. Ќе се мери со Гвардиола, Артета и најдобрите премиерлигашки тренери.

Во Темза ќе се бања

Садик Кан влезе во историјата станувајќи прв градоначалник на Лондон кој се изборил и за трет мандат. Една од првите најави му беше дека ќе стори сè реката Темза да стане погодна за капење и пливање. Пред да се роди во градот во 1970-та година, Темза беше гериз прогласен за бииолошки мртва течност. Но, не е тоа единствената работа која се има сменето.

Меси е луд, даде гол и направи 5 асистенции за едно полувреме, а Суарез оствари хет-трик за 12 минути

12 натпревари и 11 асистенции по првите 11 кола од стартот на сезоната, рекорд на еден играч во историјата на МЛС лигата.

Нов перфектен хет-трик на Роналдо

Со десна, со лева и со глава - хет трик во фудбалот познат како перфектен. Во 30. коло од саудиската Про лига, Ал-Наср со 6-0 ја совлада Ал-Вехда. Кристијано Роналдо постигна три гола, а по 1 Отавио, Садио Мане и Мохамед Ал-Фатил. Португалецот стигна до бројка од 32 гола на 27 меча во саудиската лига а има и 10 асистенции. Ова беше трет хет-трик за Роналдо на последните седум меча, дури 66-ти во кариерата а тој полека се приближува до фасцинантната бројка од 900 гола во кариерата.

Абердин се спаси од испаѓање благодарение на Бојан Миовски

На неверојатната голгетерска серија на Бојан Миовски и нема крај. Гол број 25 сезонава.

Брилијантниот Едвардс го разби Денвер, шампионот немоќен на стартот

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс уште еднаш покажаа дека се во страшна форма откако на гости го урнаа Денвер Нагетс 106:99 и остварија триумф на гостински терен во првиот меч од полуфиналната серија на Западот.

200 години од Бетовеновата Деветта

Праизведбата во Виена била огромен успех и била прекинувана со гласни овации а присуствувал и веќе наглувиот автор. Деветтата се темели на „Одата на радоста“ на Фридрих Шилер, напишана 40-тина години претходно. Пред да ја „углазби“ Бетовен, Одата веќе била широко прифатена а меѓу студентите била хит и важела за песна за опивање.  Денес тоа е химна на Европа која се бори со тежок мамурлук.

Ретко видена измама на Барди од слободен удар

Му тргна на Енис Барди во последно време. Две кола по ред постигнува мајсторски погодок.

Комити со традиционален спектакл за Велигден

Навивачите на Вардар секоја година, на свој начин го најавуваат христовото воскресение. Овој пат, големото пиротехничко шоу со кое го осветлија небото, беше организирано во Драчево.

Кога МекДоналдс станува скап, јасно е дека има проблем

Резултатите на некои од најпознатите американски корпорации како Медоналдс, Пица Хат, Старбакс и други, покажуваат дека нивните купци го стегнале каишот и намалиле со потрошувачката, водејќи сметка каде ќе го потрошат секој долар. Високата инфлација помина но цените не се намалија туку се стабилизираа, што не е доволно луѓето да се опуштат.

Најтрофејни играчи во клупската историја на Реал Мадрид

„Кралскиот клуб“ и дефинитивно ја освои шампионската титула во Ла Лига со што стигна до 36. шампионски пехари во шпанското првенство во својата историја. Реал го совлада Кадиз со 3:0 а Барселона неколку часа подоцна загуби во каталонското мини-дерби од Џирона 4:2 и „кралевите“ и теоретски ја освоија титулата. Ова значи дека од оваа генерација се најтрофејните играчи во славната историја на големиот клуб.