Меси е луд, даде гол и направи 5 асистенции за едно полувреме, а Суарез оствари хет-трик за 12 минути

12 натпревари и 11 асистенции по првите 11 кола од стартот на сезоната, рекорд на еден играч во историјата на МЛС лигата.

Интер Мајами го потопи Њујорк Ред Булс со 6:2 во натпревар со откачено второ полувреме на Меси и Суарез.

Гостите имаа водство од 0:1 и потоа на сцена стапи легендарното дуо на Барселона кое направи растур систем.

Во периодот од 48-ма до 81-ва минута или за само 33 минути Меси даде гол и направи 5 асистенции, а Суарез оствари хет-трик за само 12 минути.

Аргентинскиот ас на 36 години собори два рекорди во МЛС лигата. Тој е прв по бројот на асистенции на еден натпревар и прв според бројот на асистенции + голови.

По 11 кола, Меси има 12 гола и 11 асистенции, што се исто така рекордни бројки во МЛС лигата. 

5 мај 2024 - 09:24