Интимните разговори со ЧетГПТ ги полнат судниците

Записи од интимни комуникации на корисници со чет-ботови биле цитирани во 12 судски предмети во САД во изминатите две години. Многу повеќе преписки се прелистуваат во истраги и правни постапки. „Целиот ваш свет сега ќе ѝ биде достапен на полицијата“, забележува Ендрју Фергусон, професор на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ и експерт за дигитален надзор.

Доживотна забрана од Калши за екс конгресменот што се клади на себе

Поранешниот републиканскиот конгресмен Џорџ Сантос е првиот човек што доби доживотна забрана за кладење од платформата Калши. Треба да плати и казна од 71.000 долари поради кршење на правилата за инсајдерско тргување и манипулација на пазарот за предвидувања. Сантос едноставно се кладел дали ќе присуствува на обраќањето на Трамп до нацијата.

Америка се надева дека Хормуз ќе биде безначаен за две години

Министерот за финансии Скот Бесент смета дека Ормускиот теснец, за чија контрола САД војуваат со Иран, ќе биде „безвреден“ за нафтената индустрија за две години. Ќе биде заобиколен со нафтоводи на копно. САД и онака преку протокот добиваат само 7% од вкупниот увоз на нафта, а во меѓувреме го презедоа нафтениот бизнис на Венецуела откако ѝ го грабнаа претседателот.

Речник

Во Сеута останало „најлошото од најлошото“

Еден месец откако повеќе од 70.000 мигранти упаднаа во шпанската енклава Сеута, овој мал град во Северна Африка сè уште е на работ на катастрофа, бидејќи таму сè уште се наоѓаат „најлошите од најлошите“. Градот се соочува со речиси секојдневни изливи на насилство, вклучувајќи десетици случаи на сексуални напади, каменувања на воени патроли и кражби.

5.000 морнари во тајландскиот град на гревот

Тајландското одморалиште Патаја, кое сè уште го бие глас на глобална дестинација за секс-туризам, е избрано за првото место во кое на копно ќе стапнат 5.000 морнари од американскиот носач по речиси десет месеци на отворено море. Предупредени се да не пушат марихуана и да ги избегнуваат борделите, зашто се забранети со закон, а особено да не го навредуваат кралот.

Сончева бура го изместила ГПС за 10 метри

Масивните сончеви ерупции од крајот на минатата година го нарушиле сателитскиот систем за глобално позиционирање, кој почнал да промашува прецизна локација за неколку метри. Тоа можеби се чини како мало отстапување, но може да направи големи бељи кај автономните возила и земјоделските машини кои користат сателитска навигација. 

Off Topic

Басара: Смрт на деценијата

Како и во случајот со смртта на претходната деценија - онаа на Милошевиќ - беше лансирана алармистичката теорија дека Младиќ всушност бил убиен. Што е најголема бесмислица досега во овој век. Ако колективниот Запад сакаше да го убие Младиќ, можеше да го направи тоа било кој ден во текот на секоја од воените години, со еден наведуван проектил. Но, сите тие години Запад го чуваше Младиќ како вода на дланка и го толерираше, сосе масакрот во Сребреница. Еве зошто.

Поезијата која децата ја знаат на памет

Наставник по математика од Смедерево кој лани беше финалист на Global Teacher Prize (еден од 50-те најдобри наставници во светот) и има Јутјуб канал на кој држи лекции по математика, не ги запоставува ни другите предмети кои децата ги интересираат. Озбилен како на Струшки вечери на поезијата, чита стихови од оглупувачките песни на кои се форматира светлата иднина на овие простори.

Ме фати страв од готичарки. Незнам што да правам?

Шетајќи во 2 саат по полноќ, ми дојде одлична оптимистичка идеја за да си ја скратам досадата: појдов на бурек и одлучив да го јадам истиот некаде во парк. Арно ама, немаше светла и беше речиси сè темно; снемав апетит, го оставив бурекот и се чукнав у гради кога видов како група на екстровертни готичарки дојдоа слушајќи хеви метал на нивниот звучник.

Со свој изум по своја глава

„На Пакистан не му недостасуваат талентирани и надарени луѓе...“ се меѓу последните зборови на овој дечко од Пакистан кој решил да сними видео за гордо да го презентира неговиот сопствен изум за автобомил со комплетно автономно возење. Како заврши презентацијата? Ќе видите, не можеше полошо.

Пацерот и државникот

Ако на едниот крај е Бах а на другиот Десингерица, во стилот на политичко владеење, на краевите се Ши Џинпин и Доналд Трамп. Едниот игра шах, другиот е е егоцентричен покераш кому сите му ги гледаат картите ама тој верува дека подобро блефира од другите. Едниот владее тивко и со дисциплина. Другиот со галама и импровизација.

Кого ќе зезаш, ако не мајка после операција

Старата имала операција на рачниот зглоб. Уште додека е шашардисана од опивката, во посета ѝ доаѓа ќерка ѝ па и кажува дека не можеле да ја нејзината спасат дланка но затоа ѝ ја зашиле нејзината, што не е голем проблем бидејќи и онака е левата. По што ќе милно ќе ја погали со новото, пластично раче. Изразот на лицето на мајката е прајслес.   

Локалности

Net Roulette

Offside

Штотуку заврши уште еден ултра потрошувачки преоден рок во најбогатата фудбалска лига на светот, англиската Премиер лига. Премиерлигашите потрошија над 3 милијарди фунти на засилувања. Најмногу пари потроши но и доста заработи Манчестер Сити кој издвои околу 427 милиони фунти за нови играчи. Челси и Тотенхем потрошија над 300 милиони фунти секој.

Off Café

Bookbox

Понекогаш на јазикот му недостига збор за нешто што сакаме да го кажеме. Тогаш писателот, поетот или дури и обичниот говорител може едноставно да си направи нов. Некои од тие зборови исчезнуваат веднаш, други се задржуваат, а некои, сосема неочекувано, стануваат дел од јазикот.

Некои од големите композитори не ја насочиле својата креативност само кон музиката. Од Бетовен и неговите експерименти со пренос на звукот, преку Бородин како сериозен хемичар, до Хофман со повеќе од 70 патенти и Дафне Орам со машина што ги претворала цртежите во звук – нивната љубопитност понекогаш ги носела директно во светот на науката.

Или разбираме, или не разбираме

Понекогаш највпечатливото архитектонско дело не е зграда, туку пат по кој секојдневно се минува. Во Атина постои едно такво место: камените патеки околу Акропол, дело на Димитрис Пикионис, архитект кој повеќе сакал да разговара со пејзажот отколку да му се наметнува. Неговиот живот бил необична мешавина од архитектура, сликарство, поезија и пријателство со еден од најголемите сликари на 20 век, Џорџо де Кирико. За неговиот став кон уметноста, пак, најдобро зборува една анегдота.

Човекот кој за љубов возеше точак 123 дена од Индија до Шведска

Документарецот на Оскаровецот Орландо фон Ајнзидел, кој се прикажуваше на неодамна завршениот Македокс, ја раскажува неверојатната вистинска приказна за индискиот уличен уметник П. К. Маханандија, кој во 1977 година тргнал со стар велосипед од Њу Делхи кон Шведска за повторно да се сретне со жената во која се вљубил. Но зад романтичната авантура се крие и приказна за кастата, самодовербата, случајните средби и добрината на непознати луѓе.

Зошто несаканите мејлови ги нарекуваме „спам“?

Зборот „спам“ денес го поврзуваме со несакани пораки, но неговото дигитално значење има изненадувачки извор: комичен скеч од 1970 година во кој една група Викинзи упорно го повторува името на конзервирано месо. Ви текнува?

Off Course

Храна за возрасни

Стигнавме на дното