Offside

Тренерот на Ипсвич, Северно Ирецот Киран Мекена направи чудо откако овој клуб прво го внесе од трета во втора лига, а сега и во елитната и богата Премиер лига. Ќе се мери со Гвардиола, Артета и најдобрите премиерлигашки тренери.

Абердин се спаси од испаѓање благодарение на Бојан Миовски

На неверојатната голгетерска серија на Бојан Миовски и нема крај. Гол број 25 сезонава.

Комити со традиционален спектакл за Велигден

Навивачите на Вардар секоја година, на свој начин го најавуваат христовото воскресение. Овој пат, големото пиротехничко шоу со кое го осветлија небото, беше организирано во Драчево.

Халанд даде 4 гола и најави шампионска титула

Манчестер Сити го разби Вулверхемптон со 5-1 (3:0) во натпревар од 36. коло од Премиер лига на кој Ерлинг Халанд постигна четири гола, а еден даде неговиот ортак од нападот Хулиан Алварез.

Готово е, Реал Мадрид е шампион!

Фудбалерите на Реал Мадрид се шампиони на Шпанија по 36. пат откако во саботата доцна попладне со 3:0 го совладаа Кадиз и го искористија поразот на Барселона од Џирона 4:2 во натпревар кој се играше подоцна.

Мајсторот што викна бербер да го шиша на стадион

За време на натпреварот Интер - Торино во Серија А, еден навивач на нераѕурите решил да викне бербер да го поткастри.

Невидена работа: навивачи и играчи од ист тим се гаѓаа со бакљи

И покрај тоа што е дел од фамозната Сити Груп во која припаѓаат Манчестер Сити и уште некои други богати клубови, француска Троја игра очајна сезона во втора лига. На 17-то место се, со 38 бода и речиси сигурно ќе испаднат во трета лига. Во петокот вечер Троја играла против Валенсиен кој е одамна испаднат и последен на табела. При резултат 1-1 домашните навивачи револтирано фрлале бакљи на терен и судијата го прекинал мечот во 88’ минута.

Абе вратете се, ништо не е готово уште

Во петокот вечер холандскиот второлигаш Рода со 2-0 го совладала Камбур и навивачите мислеле дека е готово, обезбеден е пласманот во прва лига. Ама третопласираниот Гронинген израмнил 1-1 во 90+5’ минута на гости кај Телстар и ги искомплицирал работите за Рода. Навивачите џабе втрчале во терен и славеле.

Семки, кикирики, ладни сокови

Колку беа убави времињата кога на Јужна ќе помине неуморниот лик со плетена корпа полна семки, кикирики, грицки, печени јаболки... Како овој цар со студени пијалаци на стадионот на Серо Портењо во Парагвај.

Мајка си е мајка

Во првиот натпревар од 34. коло во шпанска Ла Лига, Хетафе го пречека Атлетик Билбао. Во Шпанија бил ден на мајката, па домашните фудбалери во таа чест излегле рака под рака со своите мајки, сопруги или жени кои имаат сезонски карти. На крајот гостите од Баскија славеа 0-2 со два гола на Ињаки Вилијамс на асистенции на неговиот брат Нико Вилијамс. Атлетик Билбао играше со двајца играчи помалку по црвените картони на стоперите Јерај Алварез во 58’ минута и Аитор Паредес во 79’ минута.

Ете го, конечно го најдоа фамозниот арапски коментатор кој урла

Кога голем дел од видеата со голови се блокирани поради авторски права на ФИФА и УЕФА, се наоѓа по некое видео со арапски коментатор кој веќе стана славен со неговите дерења.

Познато на што се кладел Сандро Тонали како играч на Њукасл, доби нова казна

Италијанскиот репрезентативец кој е привремено отстранет од репрезентацијата и од Њукасл поради големиот обложувачки скандал, доби нова казна од англиската фудбалска асоцијација (ФА).

Турканици во Истанбул по поразот на Фенербахче од Монако

Фенербахче имаше можност да ја заврши серијата со Монако, водеше 2-1 и со евентуален триумф на домашен паркет ќе обезбедеше пласман на големиот Фајнал Фор. Но гостите од Кнежевството славеа 62:65 и ја вратија серијата кај нив во Монако. По крајот на мечот додека бело-црвените славеа победа, домашни навивачи кои седеа покрај паркетот во прв ред, направија хаос.

Дончиќ и Кајри Ирвинг го потопија ЛА Клиперс

Далас Маверикс го добија шестиот меч од серијата против ЛА Клиперс и со вкупен резултат 4:2 одат во полуфинале на Западот.

Голи против облечени

Во борба против комерцијализација на фудбалот и крик за зачувување на старите добри вредности во фудбалската игра, во градот Херне во Германија бил организиран натпревар меѓу голи и облечени.

Кој не бил на фудбал во Велешта и Арачиново не знае како е

Во фудбалската лига на Гварамбаре, пониски дивизии во Парагвај, Јужна Америка судија едвај спасил глава, поточно го спасиле воени единици. Буквално војска на терен. Кај нас за традиционално најтешки гостувања отсекогаш важеле Велешта, Арачиново, Косел...

Знаете ли дека Фил Фоден како мал фаќал топки за Сити?

Фил Фоден има само 23 години а толку големо и богато фудбалско искуство. Тој е дете од школата на Манчестер Сити, од времето кога овој клуб уште не беше најбогат клуб на светот. Фоден бил вљубен во Сити а како мал често излегувал со играчите на терен и фаќал топки крај аут линијата. Во последните неколку сезони тој е еден од најдобрите светски фудбалери и еден од најзаслужните за бројните трофеи на Сити.

Топ 5 утки на Дарвин Нуњез

Уругвајскиот центарфор сезонава на 51 настап во сите натпреварувања за Ливерпул постигна 18 гола и имаше 13 асистенции. А можеше да има двојно повеќе голови да не промашуваше неверојатни зицери. Навивачите на Ливерпул кинеа нерви со едно од најскапо платените засилувања во клупската историја (платен 85 милиони фунти!). Јирген Клоп со право спушташе раменици многу пати сезонава и кажа дека на толку шанси екипата морала да освои повеќе бодови насекаде.

Пола Рим уште не верува што промаши Абрахам

Тами Абрахам, центарфорот на Рома, влезе во 90’ минута од клупата за резерви на мечот со Леверкузен. Имаше само четири минути да проба да направи нешто. Му се даде нереална шанса пред празен гол во последните секунди да намали на 1-2 против Баер Леверкузен и да ѝ донесе на Рома какви-такви шанси за поволен резултат во полуфиналето.

Дел Пјеро за Анри

Дали те потсеќа Килијан Мбапе на Тиери Анри го прашува водителката Алесандро Дел Пјеро а тој вели: „Секако, секако... Имаше секакви, ама дечки Тити на времето беше незапирлив. Криво ми е само што не игравме повеќе еден против друг, јас бев често повреден“.

Како изгледаше дуелот на титаните Хансен - Лазаров

Европската ракометна федерација објави носталгично видео во кое потсеќа на битката на гигантите: Кире Лазаров и Микел Хансен на Европско првенство 2012, мечот меѓу Македонија и Данска кој Данците го добија 33:32 со гол во последна секунда. Лазаров и Хансен двајцата заедно дадоа 25 гола.

Џејлен Брансон во стилот на Џордан

Дваесет и седум годишниот плејмејкер е најзаслужен што Њујорк Никс ќе игра во полуфинале на Истокот откако со маестрални партии ја елиминираа Филаделфија 76’. На последниот меч од серијата која Никс ја доби 4-2, нивниот лидер Џајлен Брансон имаше 41 поен, 12 асистенции и три скока. Ова му беше трет натпревар во низа со најмалку 40 поени.

Беверли од Милвоки удри гледачка со топка

Индијана Пејсерс го совлада Милвоки Бакс 120:98 и со 4:2 во серијата го исфрли некогашниот шампион од доигрувањето за титулата. Пејерс им набија таква фрустрација на Бакс што бекот на вториве Патрик Беверли пред крај на мечот два пати со топка намерно силно гаѓаше една навивачка на Индијана Пејсерс. За ова го чека суспензија.

Баскија да ти била извор на врвни тренери

Сан Себастијан е град во Баскија, во Шпанија, главен град на провинцијаа Гипузкоа, на само 20-ина километри од шпанско-француската граница. Во радиус од 25 километри во неколку различни местенца се родени Чаби Алонсо, најдобриот тренер во Европа за сезонава 2023/2024 кој прави чуда со Баер Леверкузен, Унаи Емери од Астон Вила, Микел Артета од Арсенал и Имано Алгуасил од Реал Сосиедад.