Нов перфектен хет-трик на Роналдо

Со десна, со лева и со глава - хет трик во фудбалот познат како перфектен. Во 30. коло од саудиската Про лига, Ал-Наср со 6-0 ја совлада Ал-Вехда. Кристијано Роналдо постигна три гола, а по 1 Отавио, Садио Мане и Мохамед Ал-Фатил. Португалецот стигна до бројка од 32 гола на 27 меча во саудиската лига а има и 10 асистенции. Ова беше трет хет-трик за Роналдо на последните седум меча, дури 66-ти во кариерата а тој полека се приближува до фасцинантната бројка од 900 гола во кариерата.

 

 

5 мај 2024 - 09:11