Клоп се испрати со сите вработени на Енфилд Роуд

На Енфилд Роуд веќе на големо траат подготовките за последниот натпревар на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул. Во недела против Вулверхемптон германскиот тренер за последен пат ќе ја води екипата. После 9 години во кој направи ренесанса и му донесе на клубот пехар во Лига шампиони, титула во Премиер лига која ја чекаа цели 30 години, два ФА купа, два Карабао Купа, европски Супер Куп и Светско клупско првенство.

Јирген Клоп се збогувал со вработените во клубот со кои се сликал заедно со сите заеднички освоени трофеи во изминатите 9 години. Ќе биде во недела трогателно за сите навивачи на црвените.

17 мај 2024 - 16:03