Абердин се спаси од испаѓање благодарение на Бојан Миовски

На неверојатната голгетерска серија на Бојан Миовски и нема крај. Гол број 25 сезонава.

Македонскиот напаѓач уште еднаш потврди зошто е избран за играч на сезоната според гласовите на соиграчите и навивачите, како и дел од тимот на сезоната.

Нов натпревар, нов погодок за Миовски кој овој пат му донесе 3 бода на Абердин на мечот против Сент Џонстон кој заврши 1:0.

Со овој триумф, Абердин има 41 бод или 10 повеќе од Сент Џонстон кој е во зоната за испаѓање, а крајот на сезоната има уште 3 кола.

За Бојан Миовски ова е гол број 15 во шкотскиот шампионат и има вкупно 25 сезонава на сите натпреварувања.

5 мај 2024 - 08:54