Абе вратете се, ништо не е готово уште

Во петокот вечер холандскиот второлигаш Рода со 2-0 го совладала Камбур и навивачите мислеле дека е готово, обезбеден е пласманот во прва лига. Ама третопласираниот Гронинген израмнил 1-1 во 90+5’ минута на гости кај Телстар и ги искомплицирал работите за Рода. Навивачите џабе втрчале во терен и славеле.

На табелата прв е Вилјем II со 76 бода, втора е Рода со 75 бода а трет е Гронинген со 72 бода. Во последното коло Гронинген во директен дуел ја пречекува Рода и само со победа ќе оди во прва лига. Рода со реми или триумф исто обезбедува пласман.

4 мај 2024 - 12:59