Разно

Дипфејкот станува убав бизнис

Британската мултинационална компанија која стои зад некои од најпознатите објекти во светот, меѓу кои и Оперската куќа во Сиднеј,  призна дека биле жртва на „дипфејк“ измама (реалистични мултимедијални содржини продуцирани со ВИ). На нивен човек во Хонг Конг му направиле дипфејк шашма и овој им исплатил 25 милиони долари на преварантите.

Дојде време да се забрануваат маски

Како во кој момент ѝ одговара на државата, така ќе ви одредува што да правите.  Она што довчера беше задолжително во време на пандемијата, носење маска  на јавно меасто, сега во Америка почнува да се забранува, дури и кога се работи за здравствени маски и дури кога тие се носат исклучиво од здравствени причини. Зошто? За да не може да се криете од полицијата кога протестирате.

Џастин Трудо создава терен за ужасна дистопија

Доживотни казни за нешто што е изговорено? Притвор за „пред-криминал“ како во „Minority Report“ со Том Круз? Анонимни обвинувачи? Сето тоа го има во нацрт законот на Трудо за “онлајн штета“ кој првично беше само за заштита на децата. Перјаницата на глобалниот нелиберален либерализам сака да ја замени канадската лабавост со колективна параноја.

Џек Дорси го брани Илон Маск

Управувањето на Твитер од Илон Маск често се оценува како непредвидливо. Но, коосновачот на платформата, Џек Дорси, го разбира и го брани пристапот на својот наследник: потезите на Маск се неопходни за неговата цел да го направи Икс платформа за слободен говор. Таков модел не е можен ако постои огромна зависност од големите огласувачи, како што беше претходно.

МИТ прекинува со бајките за диверзитетот

Престижниот МИТ стана првиот елитен универзитет кој од идните вработени нема да бара да даваат изјави за тоа како ќе придонесат кон „диверзитетот и инклузивноста“ на институцијата. Сфатиле дека таквите изјави се само празни домашни задачи кои можеби звучат убаво но со ништо не придонесуваат универзитетот да стане она што сака - збир на таленти на кои им се пружаат можности да се развиваат. 

Во Германија се казнува за споделување факти

Поранешна Мис и фотомодел и сегашна локална лидерка на партијата АфД од Ротенбург во Долна Саксонија е прогласена за виновна и казнета со 6.000 евра. Нејзиниот грев? Цитирала статистички податоци за несразмерниот удел на дојденците од Авганистан во силувањата во земјата. Тоа да ти било поттикнување омраза и нетрпеливост.

Дома не се доседува, ни кога не е твоја

Во Џорџија дури минатиот месец бил потпишан закон дека е нелегално да упаднеш во туѓа куќа и таму да живееш, но тој закон ќе стапи на сила во јули. Во меѓувреме, уапсени се шестмина кои го направиле тоа, но не затоа што упаднале и пола година живееле во туѓа куќа од половина милион долари, туку затоа што украле кола од комшиката. Им здосадило на дечките.

Кога МекДоналдс станува скап, јасно е дека има проблем

Резултатите на некои од најпознатите американски корпорации како Медоналдс, Пица Хат, Старбакс и други, покажуваат дека нивните купци го стегнале каишот и намалиле со потрошувачката, водејќи сметка каде ќе го потрошат секој долар. Високата инфлација помина но цените не се намалија туку се стабилизираа, што не е доволно луѓето да се опуштат.

Климатизмот ја напушти науката и стана идеологија

Како резултат на глобалната паника околу темата и драмолетките на Грета Тунберг, многу млади искрено се уплашени дека нема да стигнат да пораснат бидејќи дотогаш климатските промени ќе ја уништат Земјата и животот на планетата ќе го снема. Професор од Кембриџ ја смирува тензијата. Не сме на ивица на пропаста а климатизмот се оддалечи од науката и стана идеологија.

Милијарди валкани долари летаат од Хитроу до Дубаи

Хитроу и Дубаи се меѓу најзафатените аеродроми на светот и на таа рута летаат милиони патници но и милијарди нелегални долари. Таа авионска линија е идеална за перење пари: на едниот аеродром не проверуваат колку пари носиш, а на другиот аеродром си добредојден со сите пари кои си ги понел. На тој налин летаат стотици нилијарди долари. А ние ќе се тресеме за две штеки цигари.

56 компании прават пола од целата пластика

Неодамна пишувавме дека иако грижата на совест за климата упорно се натура на сите поедеднакво, половина од проектите за проширување на капацитетите за вадење нафта и гас до 2050 година се само кај пет земји. Сите богати, сите од север. Сега за пластиката. Една четвртина од целокупната пластика на оваа планета ја пуштааат само пет брендови.

Саудиска Арабија прати инфлуенсерка на долгогодишна робија

Амнести интернешенел неодамна за'ржа кон Саудиска Арабија барајќи да ја прекинат репресијата врз слободата на изразување и веднаш да ги ослободат сите неправедно приведени поради изразување на нивните ставови, вклучително и изразување поддршка за правата на жените. Еве, одма ги послушаа: „погрешно облечена“ фитнес инфлуенсерка пратија на 11 годишна робија.

Универзитетот Колумбија почна да суспендира студенти

Њујоршкиот Колумбија универзитет побара да се расформира протестниот камп за Газа поставен на универзитетскиот кампус и на студентите им даде ултиматум да потпишат формулар дека се согласуваат со универзитетските политики кои ќе важат до јуни 2025 година. Во спротивно суспензија која нема да им дозволи да го завршат тоа што го почнале.

Валканата тајна на американското бедзомништво

Во Лос Анџелес годишно умираат повеќе луѓе отколку што своевремено загинаа во Хирошима. Меинстрим наративот е дека бездомништвото е резултат на сиромаштијата, но не е. Таа се намалува а бездомништвото се зголемува. Огромен дел од оние кои се на улица се со тешка зависност или нетретирана ментална болест. Состојбата ја влошија невладините кои ги бранеа на најлош можен начин.

Генерацијата која ја пропушти забавата

Волстрит журнал потсетува дека генерацијата која годинава дипломира влегоа по колеџи во време на карантини и изолација а излегуваат со протести (за Газа). Пандемијата направи многумина од нив анксиозни и осамени во своите соби во кои и следеа настава и играа игрици и јадеа. „Никогаш немавме мирно време во кое ќе можевме да бидеме едноставно млади.“

Почеста последна умира

Со просто мнозинство, Устика, мал сицилијански остров со 1.300 жители, му го одзема почесното државјанство на Волт Дизни, носејќи закон според кој само живите можат да добијат такво признание. Но, покојниот американски аниматор беше само колатерална штета: вистинската цел беше Бенито Мусолини.

Сноуден: Државната шпионажа го презема интернетот

Свиркачот Едвард Сноуден (кој пред 10-тина години обелодени како ЦИА И НСА шпионираат кого стигнат, меѓу другото и телефонот на Ангела Меркел) драматично предупреди дека озллогласената НСА ја делат само денови да има целосна контрола на интернетот и овластување од секоја компанија или поединец да прави свои агенти. Без ниедна насловна во медиумите за тоа, амандманот тивко веќе помина во едниот дом.

Чеченија забрани музика која е премногу брза или премногу бавна

Чеченскиот министер за култура објави забрана за сите музички, вокални или кореографски дела кои нема да бидат во темпото на традиционалната чеченска музика и вкусот на чеченскиот темперамент. Седнале со Кадиров и со метроном и премудро решиле дека една песна не треба да биде ни брза ни бавна туку -  таман. Следува БПМ спецификација.

Во кинескиот бекстејџ на гламурозниот Армани

Не само што лажните Армани ги шијат Кинези туку и оригиналите ги шијат Кинези, живеејќи и работејќи во супстандардни услови во околината на Милано, некои од нив комплетни илегалци во земјата. За чанта која Армани ја продавал за 1.800 евра, на кинескиот подизведувач му биле давани 90-тина евра а не се знае колку од тоа завршиле кај работниците.

Не се криви 8 милијарди луѓе туку 57 компании

Вината за зголемените емисии на озлогласениот јаглерод диоксид често се препишува на сите нас кои ја уништуваме „мајкичка Земјичка“, до толку што уште малку ќе не фати грижа на совест што воопшто дишеме па издишуваме CO2. Неодамна излезе отрезнувачки извештај за фактичката состојба на планетава: не сме сите криви туку огромно мнозинство од емисиите водат до само 57 компании и држави во светот.

Транс - експрес

Приказната од канадски Квебек е морничава и ужасна и да се раскаже на кратко, и да се погледне на долго. Еве најкратко што може: 14 годишно девојче првпат влегува во приватна педијатриска џендер клиника на Квебек и се самодијагностицира како трансџендер. Само девет минути подоцна, лекарот ѝ препишува на тинејџерката 30 милиграми тестостерон неделно. 

Американски баби враќаат студентски кредити

Ненси Питер има земено студентски кредит за да може да заврши психологија. Е, добро де, ќе го врати. Е, кога ќе го врати, ене ја во пензија, чува внуци и и не само што уште должи за земениот студентски кредит, туку должи и повеќе од кога го има подигнато.

Лев Тахор, од Куманово до Гватемала

Се сеќавате ли на оваа екстремна еврејска секта која пред неколку години дојде во Македонија ама не ја сакаа нигде па се префрлуваа од Куманово во Скопје во  Охрид, за на крај Петар Богојески великодушно да им понуди да се сместат на неговиот имот во Крушево? Ги испозатворија, за киднапирање и трговија со деца.

Пензионерската кариера на американските генерали - кеширање

Кога високи американски генерали се пензионираат, ретко кој решава да шета внучиња по парк или конечно да ја среди онаа шупата што му е хаос. Влегуваат во лукративниот круг на говорници на кои агенции им наоѓаат тезги со извршни директори и слична публика. Хилари Клинтон од еден таков говор заработува колку што генералот Марк Мајли заработуваше цела година од армијата.