- Бобан Илиоски славеше со судиска одлука против Турчинот Берк Дузенли и стана професионален светски првак во кикбокс на ВАКА ПРО, во дисциплината К1 до 88,6 килограми.
- Илиоски и Дузенли во салата „Јане Сандански“, разменија многу удари, двајцата имаа успешни акции, но нашиот ас воден и бодрен од публиката и навивачката група „Комити“ сепак го имаше последниот збор и успеа да слави над актуелниот светски аматерски првак.
- Инаку Бобан Илиоски беше прогласен за спортист на годината за 2023 година.
- Педесет и три годишниот Марјан Михајловски - Маци, еден од најпрепознатливите навивачи на МЗТ Скопје и еден од основачите на навивачката група Фамилија Аеродром, починал денес во Скопје.
- Маци уште од времето на поранешната држава беше меѓу авангардата која што ги постави темелите на навивачкото движење во Македонија, а пред сè во Аеродром. Маци последните години беше директно инволвриан во работата на клубот и даде голем придонес за шампионски титули и Куп трофеи на МЗТ Скопје во Македонија.
- Беше неизоставен дел од сината трибина, препознатлив по неговиот груб глас и добра смисла за хумор.
- На денешен ден пред 35 години Димитар Илиевски - Мурато од Битола направи неверојатен подвиг и како член на алпинистичката експедиција „Еверест ’89“ се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест.
- Искачувањето се одвивало по јужната страна на Еверест заедно со великаните на хималаизмот Виктор Грошељ од Словенија, Стипе Божиќ од Хрватска и шерпасите Сонам и Аџива. Во експедицијата учествувале уште и македонските алпинисти Борче Јовчевски и водачот на експедицијата Јован Поповски.
- За жал, Димитар Илиевски не успеал да го преживее спуштањето од врвот и засекогаш остана таму. До ден-денес не се знае причината за неговата смрт, но се претпоставува дека додека застанал на кратко на 8.200 метри да го почека Стипе, Диме заспал. Одликуван е постхумно со Медал за заслуги на Македонија.