Навивачи

Израелското дерби во Тел Авив одложено поради нереди

Пред почеток на големото израелско градско дерби Макаби Тел Авив - Хапоел Тел Авив, домашните и гостинските навивачи зад двата гола фрлиле огромен број бакљи, димни бомби и петарди после што судијата го прекинал на кратко натпреварот. Поради нереди надвор од стадионот повредени биле 12 лица меѓу кои и полицајци, 9 души биле уапсени а 16 приведени на испрашување. Натпреварот бил одложен после неколку обиди да се одигра.

Полицијата во Бирмингем не пушта израелски навивачи, премиерот Стармер се буни

На 6-ти ноември во Бирмингем натпревар од Лига Европа треба да играат Астон Вила и Макаби Тел Авив. Клубот од Бирмингем во четвртокот соопшти дека Советот за безбедност при градот кој е одговорен за издавање безбедносни дозволи и сертификати - решил да не дозволи влез на навивачи на израелскиот клуб во градот поради безбедносни причини.

Бидна и тоа, хулиганизмот ги зарази и Катар и ОАЕ

По дуелот Катар - Обединети Арапски Емирати кој заврши 2-1 со што Катарците предводени од Хулен Лопетеги се пласираа на Светско првенство 2026, гостинските навивачи се степале со домашните фудбалери, почнале да прават нереди, инциденти, нешто што не е својствено за фудбалските земји од овој свет.

Најдобриот навивачки тапанар во Европа

Малиот вози ритам за тифозите на италијанскиот нисколигаш Паганезе. Чудо од дете!

Полска на гости игра како дома

И покрај скромните резултати на репрезентацијата на Полска на големите натпреварувања, нивните навивачи поставуваат стандарди кога бодрењето своја земја е во прашање. Полјаците одат секаде и секогаш, без разлика на временски услови, далечина, патување, скапи карти итн. итн. Во Каунас синоќа против соседна Литванија во квалификациите за Светско, Полска победи 0-2 а навивачите правеа шоу.

Со рафали од пиштол пред толпа луѓе ја славеше победата на Албанија

Опасни сцени во Приштина, документирани во видео. Албанија ја совлада Србија на гости во мундијалските квалификации. Навивач пукаше со пиштол пред куп луѓе.

„Бисер балкански“ и „Заветна“ среде Гент

Македонија имаше голема поддршка на важното гостување во Белгија каде стигна до голем бод, со кој ги задржа шансите за историски пласман на СП 2026. Нашите навивачи во форма, секогаш и секаде.

Напнато пред автобусот на Ренџерс и Миовски

Глазгов Ренџерс има очаен старт во шкотската Премиер лига. На 7 меча имаат само една победа и 6 постигнати гола. Навивачите ги чекале играчите пред стадион, а тренерот го избркаа.

Ќе дошла во Лесковац со знаме на ОВК

Пред натпреварот Србија - Албанија во рамки од квалификациите за Светско првенство 2026 полека растат тензиите. Од албанска страна полетаа неколку изјави, Србите уште се мирни и не галамат. Извесна Јулијана Нура познат модел од Инстаграм која ја следат 190.000 луѓе, во емисијата Фаворит рекла: „Ќе дојдам на мечот против Србија, и тоа со знамето на УЧК. Имам фински пасош, ништо не ми можат, зашто таму имам луѓе“, рекла Нура во емисијата „Фаворит“.

Од дедо на внук

Љубовта кон Бетис во Андалузија е голема. Клубот од Севиља смисли идеја пред натпревар играчите наместо со сопругите и мајките како што во минатото го правеа други клубови, сега да излезат на терен со дедовците. Да се покаже правата љубов кон Бетис од дедо на внук.

Ако не сакате вие, ќе гаснеме ние

Во Куп на Аргентина пожарникарите нашле начин како да им ги изгасат бакљите на навивачите на трибините кои не ги слушале апелите од спикерот да не палат пиротехника.

Навивачи за пример - Атлетик Билбао

Гордоста на Баскија го загуби вториот натпревар во Лига на шампиони. Откако во 1. коло изгуби дома 0-2 од Арсенал, синоќа претрпе тежок пораз и со 4-1 беше декласирана од Борусија Дортмунд. Но и покрај поразот Баскијците грмеа и ги поддржаа своите фудбалери после натпреварот. Љубов каква што ретко се гледа.

Италијанско португалска пресметка во Неапол

Увертирата на мечот Наполи - Спортинг од ЛШ, ја имаа навивачите. Впечатокот е дека некако не знаат да се тепаат, туку се гаѓаат со флаши, чаши, маси, столици, канти за ѓубре...што ќе најдат.

Инцидентот кој го одбележа дербито меѓу Вардар и Пелистер

Тешко да помине скопско - битолската средба мирно, без тензии, набој и инциденти. Чкембари само што влегоа во гостинскиот сектор, почнаа да дивеат. Еден од нив веднаш се стрча да се прекачува накај домашната публика, а друг им фрли факел. Опасно по живот е ова дечки. Плус деца имаше во тој дел.

Турски навивачи не го оставија Ливерпул да спие

Стотина навивачи на Галатасарај доцна синоќа после полноќ правеле голема врева во близина на хотелот каде престојува Ливерпул пред нивниот натпревар од 2. коло во Лига на шампиони. Огномет, петарди, голема бука за црвените кои прашање е дали отспале ноќеска.

Навивачки хаос во Мароко

Во 3. коло од мароканската прва лига Ботола Паро 1, се сретнале екипите на Олимпик Дчеира и Кавкаб од Маракеш. Домаќините победиле 2-1 а после натпреварот избила масовна тепачка меѓу илјадници спротивставени навивачи на двата тима.

Гладна навивачка на денот

Пазете, царицата не купила француско лепче со кечап и мајонез во најлонче, туку векна леб и кечап и мајонез во туба. Можела и тава ориз да нареди во лебот. Уникатната сцена е од Белград, од мечот меѓу Црвена Ѕвезда - Дубаи.

Роденденско шоу на Широк Сокак во режија на Чкембари

Само четири дена откако „ја запалија“ Битола со 2 километарска бакљада, најверната навивачка група на Пелистер ја продолжи прославата и го крена градот на нозе.

Е така е обично пред дерби

Навивач на Рома очигледно ја згрешил улицата и влетал во погрешна зона во очи на римското дерби. Се играше во глупав термин од 12:30, за да се избегнат навечер инциденти. Но Рим е голем и невозможно е полицијата да има контрола насекаде.

Два километарски роденденски спектакл на Чкембари

Битола синоќа сјаеше во боите на Пелистер. Навивачката група Чкембари прослави 40 години од своето постоење. Шоуто се одвиваше покрај реката Драгор со пиротехничко шоу во должина од 2 км.

„Строј, а не број!“

Вардар и Работнички го одиграа јубилејното скопско дерби број 100. Славеа црвено-црните со 3:1, а главната улога на Градски ја имаа Комити кои блеснаа со нова, досега невидена кореографија во мак фудбалот. Го формираа бројот 1987-ма, годината во која се формирани како навивачка група со парола: „Строј, а не број!“.

Супер амбиентот на Ајнтрахт Франкфурт кој го разби Галатасарај

Разликата во класи меѓу германската Бундеслига и турската лига беше очигледна на дуелот од 1. коло во Лига на шампиони. Ајнтрахт Франкфурт со 5-1 го совлада турскиот шампион кој цело лето купуваше милионски засилувања за да заигра конечно важна улога и во еврокуповите. Ама налетаа на расположен Ајнтрахт кој зад себе има сјајни навивачи.

Навивач на Манчестер се зарекол дека не се шиша додека не заредат победи

Франк Илет од Оксфорд кој сега живее во Шпанија, станал хит на друштвените мрежи откако објавил дека цела година не се ишишал. Дал ветување дека нема да се шиша додека неговиот сакан Манчестер Јунајтед не победи пет натпревари по ред. Како играат, ќе му порасне коса до земја.