Кошарка

Дивац vs Родман, какви дуели беа тоа

Новата НБА сезона стартува вечерва, а натпреварите од регуларниот дел завршуваат на 12 април. Да се потсетиме на нешто старо од златните 90-ти, а тоа се провокациите на неповторливиот Денис Родман, во дуел со легендарниот српски центар. Дивац го носеше дресот на Шарлот во периодот 1996-1998.

Ја видовте ли лудата тројка преку цел терен во Шпанија?

Во најдобрата шпанска лига Ендеса на мечот Андора - Џирона гостите воделе три поени предност на неколку секунди до крајот. Тогаш Рафа Луз ја зема топката и во стилот на Душан Кецман против Цибона од преку цел терен погаѓа кош за продолжение. Во продолженијата Џирона славеше 115:113.

ФИФА објави дека 1 милион карти за Светско веќе се продадени

Како што се ближи Мундијалот, иако има уште неколку месеци, така ќе се зборува сè повеќе за истиот. ФИФА веќе пушти еден отворен таканаречен „прозор“ во кој одреден број среќници можеа да си купат карти иако уште не се знае која репрезентација ќе обезбеди пласман и во која група ќе биде.

Деца во школо му поставуваат прашања на Дражен

На 22 октомври годинава ќе наполнеше 61 година. Но, замина премлад, на само 28 години. Од него ќе останат спомените. Меѓу нив и ова прекрасно видео со основци, снимено во школска сала.

Тројца браќа во иста НБА екипа - првпат во историјата на лигата

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Гркот Јанис Адетокунбо и неговите двајца браќа Алекс и Танасис ќе бидат дел од составот на Милвоки Бакс во новата сезона.

Интересен момент, Јокиќ истрча контра и заби

Денвер Нагетс во четвртиот пред-сезонски натпревар како подготовка за новата сезона, го совлада Чикаго Булс 124:117. Џамал Мареј постигна 30 поени а Никола Јокиќ уфрли 18 поени (7/10 за два со 4/4 од слободни фрлања), 8 скока и 8 асистенции. Имаше и едно интересно забивање по истрчана контра како плејмејкер.

Атмосферата на евролигашкото дерби Црвена звезда - Жалгирис

Црвена звезда го победи лидерот на табелата во Евролига Жалгирис Каунас 88:79 и по триумфот над Фенербахче во Истанбул ја забележа и втората сезонска победа и сега има учинок 2-2. Во драматичен натпревар, најинтересен од стартот на сезонаа во Евролига, навивачите на Звезда во белградска „Арена“ направија супер атмосфера.

Како ли да му ги прочита човек овие пасови?

Денвер Нагетс го доби Лос Анџелес Клиперс во загревањата пред НБА стартот со 102-94. Јокиќ одигра 22 минути и го заврши мечот со 12 поени, 9 скока и 6 асистенции. Пак имаше додавање за посебен клип на социјалните мрежи.

Еден од најјаките поени во историјата на НБА

Сме виделе мал милион атракции под кош и тројки од пола терен или од кош на кош, ама ова е вистинска реткост. Оклахома Сити го совлада Шарлот Хорнетс со 122:116 во предсезонските натпревари. 21 годишниот Кејсон Волас ги збуни сите.

Леброн најави голема и важна вест, па ги изманипулира сите

Леброн Џејмс пред неколку дена најави дека во вторник вечер ќе ја каже „одлуката на сите одлуки“, како што беше насловена фамозната одлука која ја шокираше НБА лигата во 2010-та година кога најави дека преминува во Мајами Хит. Сега сите очекуваа спектакуларна вест и веројатен крај на неговата кариера. Тој да ти го рекламирал пијалакот Хенеси.

Тргнете се, Вембанјама се залета

Еден од највисоките кошаркари кои некогаш играле во НБА, Виктор Вембанјама од Сан Антонио Спарс знае како да пробие противничка одбрана и како да забие како грмотевица.

Магија на Кејд Канингем

Детроит со говлада Мемфис со 128:112 во предсезонската програма на НБА натпревари. Кејд Канингем сака да ви покаже нешто што многу ретко се гледа под кошевите.

Говорите на Раѓа и Кукоч во Куќата на славните

Југоносталгијата знае да држи влага, особено после филмот за храбрите јунаци на Дуда Ивковиќ, по кој се распишувавме. Налетавме на нешто што на некој начин е поврзано со темата. Тоа се моментите кога легендите Дино Раѓа и Тони Кукоч влегоа во Куќата на славните. Првиот во 2018-та, вториот во 2021-ва.

Јокиќ почна со лудите додавања

Сезоната уште непочната, Србинот почна да прави керефеки. Во НБА на програмата се предсезонските натпревари во кои Денвер Нагетс го совлада Торонто Рапторс со 112:108. Никола Јокиќ го заврши мечот со 17 поени, 5 асистенции и 6 скока. Оди па прочитај му ја играва.

Страста и еуфоријата со која се славеше првата титула на МЗТ Скопје

Доминацијата на Металците во македонската кошарка почна пред 13 години, кои до денес стасаа со фасцинантна бројка од 11 титули. Сефте направија во 2012-та со Гечевски и Чековски како предводници на тимот. Во финалната серија падна Фени Индустри со 4:1. Аеродром беше во транс, а тимот се возеше во автобус, исто како јунаците од Литванија една година претходно.

Ѓорѓе Војновиќ за почетоците во репрезентација: Игравме со дресови на Работнички

Дебито на македонската кошаркарска репрезентација на почеток на 90-те бил бурлески. Патувале до Полска над 30 часа со два автобуси и два авиони, додека БиХ и Црна Гора стигнале со чартер. Имале одела, ама немале дресови на Македонија, туку на Работнички. Циркузи.

Девојчето кое 3 години штедело пари за да ги гледа Денвер и Јокиќ

„Кошарката ми даде сè, но приказни како нејзината ме потсетуваат зошто играме.“

Најнепостоечки фаул некогаш свирнат во Евролига

Партизан ја совлада Олимпија Милано 80:78 и ја забележа првата победа во новата сезона од Евролига. Овој натпревар беше тесен до самиот крај, гостите имаа и шут за израмнување или победа. Во еден момент се случи чудна епизода кога Аргентинецот Леандро Болмаро падна сам меѓу двајца играчи на Партизан а судијата му досуди лична грешка на Џабари Паркер кој го доби петтиот прекршок и мораше надвор од игра. Непостоечки фаул.

Дошол Финец кај Жељко

Културно воспитано момче, млад 18-годишен кошаркар кој блескаше за репрезентацијата на Финска на штотуку завршеното Европско првенство. Мика Муринен одамна сакал да игра во атмосфера каква што прават белградските навивачи а сакал и да учи од Жељко Обрадовиќ. Ама доаѓа од средина каде никој не смее да дрекне на дете.... Хм...

Најмалерозната НБА ѕвезда поради незгодна повреда на окото ќе игра со наочари

Големата НБА ѕвезда Ентони Дејвис постојано го следат повреди во текот на целата кариера, а сега се соочува со една крајно неочекувана повреда поради која ќе мора да носи очила до крајот на својата кариера.

Оладениот однос на Дивац и Дражен, како резултат на распадот на нивната држава

Легендарната југословенска репрезентација која доминираше во кошарката во тоа време, беше инспирација за филм и за Американците, кои го создадоа „Once Brothers“. Уште една позната, емотивна и интригантна приказна која не се пропушта.

Зошто Дражен Петровиќ не играше за Југославија на ЕП 1991?

Уште не држи еуфорија од прејакиот филм за јунаците кои додека држеа час по кошарка, во нивната земја се пукаше, а таа се распаѓаше. Има една енигма. Каде беше Дражен на тоа првенство?

Дончиќ се смрзнал на прес-конференција па опцул

Големата НБА суперѕвезда Лука Дончиќ беше во фокусот за време на „Медиа денот“ на Лос Анџелес Лејкерс кои како и секој друг НБА тим пред почетокот на сезоната организираше дружба меѓу новинарите и екипата. Лука Дончиќ со Леброн Џејмс заедно им се обратија на новинарите. Лука се смрзнал во салата каде што било студено па опцул.

Почна НБА забавата со Јокиќ

Заврши летото, а со тоа и Европското, па кошаркарите се веќе во строј во САД. На 21 октомври стартува сезоната 2025/2026, но за брзо почнуваат предсезонските натпревари. На 5 октомври Денвер Нагетс игра против Минесота. Никола Јокиќ позира за новата фотосесија со новиот колега, Литванецот Јонас Валанчиунас. „Да не сакате да го бацам“, вели Србинот, кој веќе почнува да прави забавен контент за време на медија обврските.