Фудбал

Несекојдневен рекорд на играч на Баер Леверкузен

Фармацевтите се непосакуван гостин во Бундеслигата. Зошто? Затоа што не може никој да ги победи од 27 мај 2023-та. Само еден играч од тој ден може да се пофали дека е сè уште во тимот со кој го живее рекордот. Тоа е Роберт Андрих. Играчот од средниот ред ја држи рекордната гостинска низа од 38 меча без пораз, со што ги надмина Данте и Филип Лам.

Тој што ќе те спаси од жолт картон, тој ти е прав другар

Фудбалерите на Милан играат како препородени со старо-новиот тренер Масимилијано Алегри и по триумфот над Фиорентина 2-1 после пресврт, се први на табела. Главен јунак на победата беше Рафаел Леао кој при прослава на вториот гол тргна во еуфорија да го соблекува дресот. Ама стоперот Матео Габија го спречи да добие жолт картон.

Мајк Мењан и еден гостин во негова територија

Кин имаше чиста и јасна намера, а тоа е да се обиде да му ја земе. Ама голманот на Милан одигра еден на еден за воздишки на Сан Сиро.

Реал Мадрид се тужи со комшиите

Додека фудбалерите на Реал Мадрид водат борби на теренот, управата на најтрофејниот клуб на светот и градската управа се во „војна“ со граѓаните од непосредно опкружување на стадионот „Сантијаго Бернабеу“

Што ти се закони...

Околу 2.000 навивачи на Манчестер Јунајтед беа на гостување кај најголемиот ривал Ливерпул на „Енфилд Роуд“ и ја прославија големата победа, ретка низ годиниве на гости 1-2. Пред натпреварот кога „се искрцале“ во Ливерпул, биле на само 5 метри од домашните навивачи. Некој пивнат, некој под гас, ама сè останува на дофрлања и провокации. Знаат што ги чека ако направат скаламуција.

Неверојатната приказна за селото Мјалби кое со 1.485 жители стана првак на Шведска

Во скандинавскиот фудбал се случи нестварна и до сега невидена бајка. Рибарското село Мјалби кое пред неколку години беше пред банкрот, слави шампионска титула. Ги води 59-годишен директор на училиште, а скаутот им е поштар. Едно време ни теретана немале, а јаделе заедно само еднаш неделно.

Лудачка интервенција на босански напаѓач на гол линија

Го видовме најјакиот гол на годината кој падна во Русија, потоа автоголот во Швајцарија кој не се повторува. И сега пазете го ова. Сте виделе ли ваква дефанзивна акробација на сама гол линија и тоа од страна на напаѓач? Елвир Кољиќ од Рапид Букурешт на средбата со Динамо.

Може да му се замери сè, ама фудбалско знаење не

Дваесет и седум годишниот бек на Хетафе Хуан Иглесијас имаше неколку дуели и расправии со Бразилецот Винисиус а во еден момент му рекол: „Ете затоа никој не те сака никаде“. И во право е, поради арогантниот и дрзок однос Бразилецот не е омилен, туку омразен лик по шпанските стадиони. А дека игра фудбал игра маестрално.

Останаа без голман поради глупав голмански потег

Давид Гроф од Ференцварош се избламира за сите пари и направи тензија без потреба, која ја плати со црвен картон. Во обид побрзо да изведе, го бутна на земја малиот што собира топки и тоа силно. Згора на сè, неговиот тим ги имаше извршено сите измени, па мораше еден од играчите на терен да го замени на гол.

Ич да не ти е криво, никој нема дадено ваков автогол

Имавме викенд на чудесии од голови. Се разбира никој може да му го земе приматот на Дмитриј Воробјов од Локомотив. Но затоа, Пиус Дорн од Луцерн е врвот во друга категорија, а тоа се автоголовите. Мајсториште.

Лажњак на колото

Во големото дерби на грчкиот фудбал солунски ПАОК на гости го совлада АЕК со 0-2 со голови во 45-та и 48-ма минута. Оној вториот на Јанис Константелиас беше по грешка на домашниот стопер Харолд Мукуди (доби и црвен во 86-та минута) но и по маестрален потег на фудбалерот на ПАОК без топка.

Во Русија падна голот на векот, нешто несфатливо за објаснување

Дербито меѓу Локомотив Москва и ЦСКА од викендов донесе гол за неверување и нејасен за објаснување. Мечот заврши 3:0 за домаќините, а автор на ударов кој се коси со физиката е Дмитриј Воробјов. ФИФА затворајте го изборот за гол на годината. Толку е.

Играч влезе против Реал Мадрид и доби црвен за 37 секунди

Реал Мадрид синоќа едвај го скрши тврдиот отпор на Хетафе чиј харизматичен тренер Хозе Бордалас е познат како стручњак чии екипи играат груб и одбранбен фудбал. Килијан Мбапе постигна прекрасен гол во 80-та минута за победа а триумфот многу им го олесна и глупиот потег на Алан Ниом кој само што влезе од клупа за резерви доби директен црвен картон за само 30 секунди! Само седум минути после него Хетафе доби уште еден црвен картон и го заврши мечот со 9 играчи.

Куртоа голманиште

Мбапе не запира. Стигна до гол број 15 сезонава на 11 меча на сите натпреварувања. Овој пат вреден 3 бода на гостувањето против Хетафе. Го даде во 80-та минута, а јунак во 96-та минута беше Тибо Куртоа. Погледнете го како му влезе еден на еден.

Сеск кратко и јасно после големата победа над Јуве

Комо го тресна Јуве 2:0, ги победи и Фиорентина и Лацио, а не загуби од Аталанта. Само еден пораз имаат во првите 7 кола. Фабрегас изгледа знае што прави, а умее и да ги мотивира со неколку реченици после натпревар.

Бруно да го чуете кога Хари влезе во соблекувална

Најисмејуваниот фудбалер во Премиер лигата стана експерт за решавање натпревари во финишот. Ливерпул го кутна во 84-та минута. Во соблекувална следуваа честитки. Чујте го Бруно на крај на клипот. Од кај го извади гласов? :)

Еден од најубавите голови на колото падна во Премиер лига

Њукасл загуби на гостувањето од Брајтон со 2:1, но го има голот на месецот во Премиер лигата и можеби најатрактивниот во Европа овој викенд. Магија на Ник Волтемаде.

Мејсон Гринвуд даде 4 гола на еден натпревар за Марсеј

Олимпик Марсеј со 6:2 го згроми Ле Авр кој играше со играч помалку уште од 34' минута по црвениот картон на Галтије Љори. Англискиот фудбалер Мејсон Гринвуд постигна „покер“ со четири погодоци: во 35-та минута од пенал, во 67-ма, во 72-ра и 76-та минута.

Фантастичен гол на Кристијано Роналдо!

Ал Наср кој од клупата го предводи Хорхе Жезус го победи Ал-Фатех 5-1. Жоао Феликс постигна хет-трик, гол даде и Кингсли Коман кој летово пристигна од Баерн Минхен, а најубавиот погодок на натпреварот беше дело на Кристијано Роналдо. Ветеранот по двата гола за Португалија минатата недела, сега повторно стрелаше во мрежата.

Прекрасен гол на Кристијан Трапановски против Ренџерс и Миовски на гости

Ренџерс одигра ново, дури шесто реми во домашното првенство и е на изненадувачко шесто место на табела. Во се-македонскиот дуел меѓу Бојан Миовски и Кристијан Трапановски Ренџерс и Данди Јунајтед одиграа 2-2 и поделија по бод. Битолчанецот постигна прекрасен гол за делириум меѓу гостинските навивачи.

Меси игра како во рана младост: нов хет-трик и Златна копачка за најдобар стрелец во САД

Во последното коло од основниот дел на МЛС лигата во САД, Интер Мајами со 2-5 го победи Нешвил на гости. Лионел Меси постигна хет-трик со еден гол од пенал, даде три погодоци со кои стигна до бројката од 29 гола сезонава и заслужено ја освои Златната копачка на МЛС за најдобар стрелец. На тоа придодаде уште неверојатни 19 асистенции. Интер Мајами во доигрувањето ќе влезе од трето место.

Нова фора со изведување аут

Јапонецот Хајате Мацуда од Хановер на натпреварот против Шалке покажа нова техника на изведување аут и проба да го збуни противникот. Од спунт од главата на неговиот соиграч Мустафа Бунду. На крај Шалке победил 0-3.

Ќе те најде жена и под камен и под дрво

За време на фудбалскиот натпревар меѓу Спорт Ресифе и Сеара во најдобрата бразилска Серија А, една навивачка на домашниот клуб го нашла својот партнер со друга девојка на трибините.