Ричард Бартон е една од најкомплексните личности во историјата на глумата — интелектуалец затворен во телото на холивудска икона, со срце кое постојано копнеело по Велс, по книгите и по тајните на човечката душа. „Дома е онаму кајшто ти се книгите,“ има кажано овој шекспиријански актер кој страста за читањето ја има мешано со онаа за жените (4 сопруги, Елизабет Тејлор двократно), цигарите (пет пакла) и алкохолот (три шишиња).