Кралството што до пред еден век управуваше империја на сите меридијани, сега повеќе не може да ги контролира ни сопствените граници, признава британската министерка за внатрешни работи. За да запре бранот мигранти, Британија бара меѓународна поддршка, особено од балканските земји, а размислува и за напуштање на Конвенцијата за човекови права, која ги попречува депортациите.