Off Course

ЧетГПТ не оставил никого без работа

Уште од промоцијата на ЧетГПТ во ноември 2022 година, експертите предвидуваат дека јазичните модели со вештачка интелигенција ќе елиминираат непотребни работни места. Програмерите, работниците и службениците од списоците со загрозени професии може да здивнат. Ново истражување покажува дека, барем засега, ВИ нема никакво влијание врз пазарот на трудот.

Новиот Клод знае кога го тестираат

Новата верзија на моделот со вештачка интелигенција Клод Сонет 4.5 на компанијата Антропик поставил рекордни резултати според сите категории за безбедност и способност за програмирање. Но во процесот на евалуација бил свесен дека е предмет на тестирање. Тоа отвора сомнежи дека моделите со ВИ итро може да ги следат етичките линии само кога се пред инспекција.

Мета не ги заштитила децата од опасни содржини на Инстаграм

Бројните безбедносни механизми што Мета објави дека ги вградила во Инстаграм за да ги заштити младите корисници не функционираат како што треба, а во некои случаи воопшто не постојат. Филтрите против пораки за малтретирање не се активираат, а лесно се заобиколува блокадата на пристап до содржини поврзани со самоповредување и самоубиство.

Спотифај избришал 75 милиони песни генерирани од ВИ

Платформата за споделување музика Спотифај е бомбардирана со музика генерирана од вештачка интелигенција. Лани избришала 75 милиони вакви ѓубриња што биле протнати како авторска содржина, со единствена цел без мака да се заработат пари. Ќе воведе филтер што ќе ги препознава генерираните песни и ќе ги брише пред да ги контаминираат корисниците.

Како луѓето навистина го користат ЧетГПТ?

Три години по создавањето на ЧетГПТ, активно го користат повеќе од 700 милиони луѓе - секој десетти човек на планетата, и тој број се зголемува, бидејќи во август повторно беше најсимнувана апликација во светот. Но, дури сега креаторите во ОпенАИ открија како луѓето му пристапуваат на моделот со ВИ, за што го користат, какви се разликите помеѓу мажите и жените, младите и возрасните. 

ЧетГПТ импровизира и резонира додека бара решение

Најпопуларниот голем јазичен модел со ВИ покажал дека не е само папагал што пронаоѓа и пренесува податоци со кои е нахранет. На барање да реши математички предизвик од пред 2.500 години, ЧетГПТ пријатно ги изненадил истражувачките кога реагирал како вистински ученик – импровизирал и правел „човечки“ грешки, иако бил запознаен со оригиналното решение.

ВИ ќе ја крене глобалната трговија за 40%

Зголемената продуктивност поради примената на вештачката интелигенција би можела да го зголеми глобалното производство за 13% до 2040 година, а трговијата на стоки и услуги да ја крене за речиси 40%, наведува Светската трговска организација. Но, без соодветни политики за обука и преквалификација ВИ може да ги влоши економските поделби и да загрози многу работни места.

Пророкот Делфи-2М прогнозира ризик од 1.000 болести

За нова алатка со вештачката интелигенција се тврди може да предвиди здравствени проблеми кај човек во следните 20 години. Нахранета со податоци од здравствените картони, научена е да препознава шеми и да пресметува ризик од повеќе од 1.000 разни болести. При клиничките испитувања се покажала како прилично прецизна, но нема да може да замени лекар. 

Нема лек за халуцинациите на ВИ

Големо истражување на Опен АИ утврдило зошто големите јазични модели имаат навика да измислуваат работи и да ги претставуваат како факти. Заклучиле дека за овој проблем нема решение, барем што се однесува до милионите вообичаени корисници, кои бараат одговор веднаш. Избегнувањето халуцинации е можно и економско оправдано само за најчувствителните сектори.