- Педесет и три годишниот Марјан Михајловски - Маци, еден од најпрепознатливите навивачи на МЗТ Скопје и еден од основачите на навивачката група Фамилија Аеродром, починал денес во Скопје.
- Маци уште од времето на поранешната држава беше меѓу авангардата која што ги постави темелите на навивачкото движење во Македонија, а пред сè во Аеродром. Маци последните години беше директно инволвриан во работата на клубот и даде голем придонес за шампионски титули и Куп трофеи на МЗТ Скопје во Македонија.
- Беше неизоставен дел од сината трибина, препознатлив по неговиот груб глас и добра смисла за хумор.
- По крајот на сезоните во Прва и Втора македонска фудбалска лига познато е речиси се, освен едно прашање. Тоа е кој ќе биде последниот учесник во Прва лига од следната сезона?
- Бараж за опстанок ќе играат најтрофејниот македонски клуб Вардар и Детонит Плачковица која ќе игра за прв историски пласман во ПМФЛ. Баражот ќе се игра следниот викенд односно на 26-ти мај во недела од 17:00 часот.
- Натпреварот е закажан да се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица каде што би требало да има навивачи на двата клуба. ФФМ ги разгледувал кандидатурите за домаќинство на овој бараж на Охрид и Штип но на крај се решиле за Струмица.
- Кошаркарите на Црвена Звезда се шампиони во регионалната Јадранска АБА лига откако го совладаа градскиот ривал Партизан и во третиот меч од серијата. Синоќа црвено-белите ги совладаа црно-белите пред 20.000 навивачи на Партизан 76:82. Најефикасни беа Лука Митровиќ и Рокас Геидраитис со по 12 поени, а Бразилецот Јаго дос Сантос уфрли 11 поени
- Ова беше шести триумф на Црвена Звезда по ред над Партизан а грчкиот тренер Јанис Сферопулос направи нешто што никој досега не го сторил: дури пет пати по ред го совлада Жељко Обрадовиќ.
- За МВП на финалето е прогласен плејот Јаго Дос Сантос.