- Триесет и пет годишниот полски центарфор кој стана еден од најдобрите голгетери во историјата на светскиот фудбал, по доаѓањето во Барселона не ги повтори во целост настапите од Баерн Минхен каде ги урна сите рекорди.
- Барселона за летово планира чистка и продажба на повеќе фудбалери. Левандовски би можел да замине затоа што идејата на управата е екипата да се подмладува уште повеќе, а и не би можеле да ги испорачаат барањата на Полјакот за исти примања како и досега.
- Некои шпански медиуми пишуваат дека Атлетико Мадрид би можел да биде следна дестинација за ветеранот. „Јорганџиите“ планираат летово да се ослободат по соодветна цена од Алваро Мората, Мемфис Депај и Анхел Кореа.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.
- Грчкиот повеќекратен шампион игра чудесна сезона и се пласираше во финале на Лига Конференции, прво историско финале на еврокуп за клубот од Пиреја.
- За нивна среќа, финалето се игра во Атина, на новиот ултра-модерен стадион на АЕК. Противник ќе им биде Фиорентина, а УЕФА на двата клуба им распределила по 9.000 влезници. Иако е повеќе од јасно дека Олимпијакос лесно би можел да наполни три стадиони, а не еден за ова финале, управата на клубот помислила на најверните.
- Во осминафиналето Олимпијакос дома доживеа дебакл 1-4 против Макаби Тел Авив. Реваншот се играше во српскиот град Бачка Топола поради тоа што УЕФА не допушта одигрување натпревари во воена зона па Макаби беше домаќин во Србија а не во Израел.
- Речиси никој не верувал во чудо па само 49 навивачи на Олимпијакос допатувале на реваншот. Црвено-белите славеа 1-6 и се пласираа во следна фаза, а Олимпијакос сега ги наградува тие 49 души со карти за големото историско финале.