Прав потег на Олимпијакос за најверните
16 мај 2024
- Грчкиот повеќекратен шампион игра чудесна сезона и се пласираше во финале на Лига Конференции, прво историско финале на еврокуп за клубот од Пиреја.
- За нивна среќа, финалето се игра во Атина, на новиот ултра-модерен стадион на АЕК. Противник ќе им биде Фиорентина, а УЕФА на двата клуба им распределила по 9.000 влезници. Иако е повеќе од јасно дека Олимпијакос лесно би можел да наполни три стадиони, а не еден за ова финале, управата на клубот помислила на најверните.
- Во осминафиналето Олимпијакос дома доживеа дебакл 1-4 против Макаби Тел Авив. Реваншот се играше во српскиот град Бачка Топола поради тоа што УЕФА не допушта одигрување натпревари во воена зона па Макаби беше домаќин во Србија а не во Израел.
- Речиси никој не верувал во чудо па само 49 навивачи на Олимпијакос допатувале на реваншот. Црвено-белите славеа 1-6 и се пласираа во следна фаза, а Олимпијакос сега ги наградува тие 49 души со карти за големото историско финале.