Столе стигна до рекордно остварување во дресот на Рајо

Првиот чувар на голот на македонската фудбалска репрезентација стана голман со најголем број настапи во историјата на Рајо Ваљекано.

Столе Димитриевски стигна до 190 настапи и изби на првата позиција на листата на голмани со рекорден број на средби, со што го мина Вилфред Агбонавабре кој бранеше за Рајо во 90-те.

Рекордот го оствари на мечот против Гранада кој Рајо Ваљекано го доби со 2:1 и тоа со играч помалку поради црвен картон уште во 5 минута.

Македонскиот голман веќе 12 години брани во Шпанија од кои последните 6 во Рајо, кој му е четврти клуб откако е во оваа земја.

Оваа бројка до која стигна е само потврда на неговиот стандарден статус во клубот каде ги има најблескавите настапи. Сезонава има 14 натпревари без примен гол.

На 2 кола до крајот на сезоната, Рајо е 14-ти со 38 бода на +6 пред местото кое води во втора лига и му е потребен само бод за математички да обезбеди останок. 

16 мај 2024 - 12:33