- Македонскиот тенисер Калин Ивановски со големи амбиции ја започна новата сезона. Во претсезонките подготовки тренираше заедно со Новак Ѓоковиќ и беше спремен за поголеми предизвици, но денес соопшти лоши вести.
- Имено, најдобро рангираниот наш тенисер на социјалните мрежи објави дека во следните пет до шест месеци ќе биде надвор од терените. Тоа значи дека во најдобар случај на турнирите би им се вратил во септември.
- „Бидејќи многумина се прашувавте кога ќе почнам да се натпреварувам... Ќе биде надвор од терените во следните 5-6 месеци. Ќе се вратам посилен“, соопшти Ивановски.
- Нашиот најдобар тенисер својот последен турнир го одигра во ноември минатата година во Јапонија, а 2023 година ја заврши на 326. место на АТП листата.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.
- Грчкиот повеќекратен шампион игра чудесна сезона и се пласираше во финале на Лига Конференции, прво историско финале на еврокуп за клубот од Пиреја.
- За нивна среќа, финалето се игра во Атина, на новиот ултра-модерен стадион на АЕК. Противник ќе им биде Фиорентина, а УЕФА на двата клуба им распределила по 9.000 влезници. Иако е повеќе од јасно дека Олимпијакос лесно би можел да наполни три стадиони, а не еден за ова финале, управата на клубот помислила на најверните.
- Во осминафиналето Олимпијакос дома доживеа дебакл 1-4 против Макаби Тел Авив. Реваншот се играше во српскиот град Бачка Топола поради тоа што УЕФА не допушта одигрување натпревари во воена зона па Макаби беше домаќин во Србија а не во Израел.
- Речиси никој не верувал во чудо па само 49 навивачи на Олимпијакос допатувале на реваншот. Црвено-белите славеа 1-6 и се пласираа во следна фаза, а Олимпијакос сега ги наградува тие 49 души со карти за големото историско финале.