- Три месеци откако соопшти дека е најдобро да си замине, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта го убедил Чави да остане. Одлука во која влијаел и потпретседателот на каталонците, Рафа Јусте.
- „Тоа беше дискусија помеѓу претседателот и тренерот во која Чави ја покажа својата посветеност. Како локален човек, тој длабоко се вложува во клубот и уверен сум дека ќе биде одличен. Воодушевен сум од него, бидејќи тој е вистински навивач на Барса. Во Барса целиме кон победи, лани обезбедивме титула и Супер Куп“, вели Јусте.
- „Чави ја забележа возбудата од навивачите за време на четвртфиналето во ЛШ и сакаше да продолжи. Ентузијазмот, посветеноста и цврстиот проект се клучните зборови“.
- Емотивни сцени на Кале за Аеродромци. МЗТ Скопје со 3:0 го елиминираше ТФТ и се пласираше во финалето каде ќе ја брани титулата во домашното првенство.
- Навивачите во придружба со играчите носеа маици со ликот на Мац и држеа транспарент „Почивај во мир Мајоре“.
- Марјан Михајловски - Мац почина на 53 годишна возраст. Се работи за долгогодишен работник во МЗТ и еден од најпрепознатливите нивни навивачи.
- Педесет и три годишниот Марјан Михајловски - Маци, еден од најпрепознатливите навивачи на МЗТ Скопје и еден од основачите на навивачката група Фамилија Аеродром, починал денес во Скопје.
- Маци уште од времето на поранешната држава беше меѓу авангардата која што ги постави темелите на навивачкото движење во Македонија, а пред сè во Аеродром. Маци последните години беше директно инволвриан во работата на клубот и даде голем придонес за шампионски титули и Куп трофеи на МЗТ Скопје во Македонија.
- Беше неизоставен дел од сината трибина, препознатлив по неговиот груб глас и добра смисла за хумор.