- Со освоени 363.086 гласа, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, е апсолутен победник во првиот круг од претседателските избори во земјава. Втор е Стево Пендаровски, со вкупно 180.500 гласови.
- Бујар Османи освоил 121.088 гласови, Арбен Таравари 83.393 гласа.
- Излезноста во првиот круг е 49,93%. На гласање излегле 905.971 граѓани, а не гласале 908.346 избирачи. Од вкупниот број на гласачки ливчиња, 24.562 се неважечки.
- Во Град Скопје, односно во сите скопски општини, СДСМ на парламентарните избори освои 35.847 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 123.974.
- Во првата изборна единица СДСM освои 25.730 гласови и доби само трoјца пратеници: Димитар Ковачевски, Моника Зајкова од ЛДП и Даниела Николова од СДСМ.
- Бојан Маричиќ беше четврти на листата.
- Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, која беше носителка на изборната листа на нејзината тазе партија Нова Алтернатива, доживеаа дебакл и во таа изборна единица и на ниво на држава.
- На „свој терен“, во Кецот, добиле само 1.571 глас или само 0,85%. Вкупно, таа и Нова Алтернатива на територија на Македонија освоија 3.438 гласови, односно само 0,34%.
- На локалните избори во 2021 година, кога беше поддржана пд ВМРО, во вториот круг против Шилегов, Арсовска освои 118.749 гласови.
- Кој ги лаже вака да се летаат, не ни е јасно.