- Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, која беше носителка на изборната листа на нејзината тазе партија Нова Алтернатива, доживеаа дебакл и во таа изборна единица и на ниво на држава.
- На „свој терен“, во Кецот, добиле само 1.571 глас или само 0,85%. Вкупно, таа и Нова Алтернатива на територија на Македонија освоија 3.438 гласови, односно само 0,34%.
- На локалните избори во 2021 година, кога беше поддржана пд ВМРО, во вториот круг против Шилегов, Арсовска освои 118.749 гласови.
- Кој ги лаже вака да се летаат, не ни е јасно.
- Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд гледа доволно докази за одговорност за злосторства против човештвото и бара апсење на Нетанјаху, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и на лидерот на Хамас во Газа и уште двајца високи претставници на оргнизацијата.
- Карим Кан рече дека неговата канцеларија верува дека Нетанјаху и Галант „носат кривична одговорност“ за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и изгладнување цивили како метод на војување и намерни напади врз цивили.
- Обвиненијата против претставниците на Хамас вклучуваат убиство, земање заложници како воено злосторство, силување и друго сексуално насилство и тортура.
- Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант и тројца лидери на Хамас треба да бидат уапсени на барање на МКС.
- Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, порача дека Нетанјаху и останатите четворица се одговорни за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа и Израел.
- МКС изминативе три години ги испитува израелските акции на окупираните територии, а изминатиов период истрагата ја прошири и на постапките на Хамас.
- Можноста високи израелски функционери да завршат на списокот на МКС за апсење Нетанјаху неодамна ја нарече „злосторство од историски размери“.