- На пет месеци до американските претседателски избори, поранешниот претседател и повторeн кандидат за таа позиција оценува дека дотогаш може да избие Трета светска војна заради некомпететноста на американското водство.
- „Со вакви идиоти какви што сега ни ја водат земјата, нема да останат многу луѓе бидејќи моќта на денешното оружје е страотна,“ порача Трамп.
- Тој повтори дека ни руско-украинската војна ни она што се случува на Блискиот исток немало да се случат доколку тој бил на кормилото на САД.
- Бени Ганц и Гади Ајзенкот, центристички членови на воениот кабинет на Израел, објавија дека поднесуваат оставка од владата за вонредни ситуации на премиерот Бенјамин Нетанјаху, продлабочувајќи ги политичките превирања во земјата.
- Двајцата не мислат дека војната со Хамас е готова но веруваат дека може и треба да биде паузирана барем на неколку месеци, за да се отвори простор за ослободување на заложниците и создавање услови за алтернативна власт во Газа.
- „Нетанјаху дава празни ветување за тотална победа. За жал, тој е оној кој нè спречува вистински да победиме,“ вели Бени Ганц, кој 37 години бил во врвот на одбрамбените сили на Израел.
- Минатата година во државава имало 58 правни субјекти кои се занимавале со обложување, или коцкање, а вкупниот приход што го направиле е 48.778.104.541 денар, или речиси 800 милиони евра!
- Тоа на компаниите што работат во Македонија им донело чиста добивка од 70,4 милиони евра. Имаат 7.745 вработени.
- На прво место по приход е ПРО БЕТИНГ. Ланскиот приход Ѝ бил 194,5 милиони евра, 33 проценти повеќе отколку во 2022 година.