Арапите скроз одлепија, му нудат плата на Мбапе од 1.332 евра во минута

Во Саудиска Арабија веќе не се знае кој што прави со парите во фудбалот. Ал Хилал испратил понуда до Мбапе, невидена во ниту еден спорт откако постои човештвото. Уште остров фали да му подарат.

Трансфер Гуруто Фабрицио Романо кој деноноќно вади инсајдерски информации за трансфери, денеска соопштува дека Ал Хилал, клуб во големата арапска четворка каде очигледно не знаат колку пари имаат, спремил нов светски рекорд.

Се работи за понуда до Килијан Мбапе која вкупно вреди 1 милијарда евра.

Во превод тоа значи 300 милиони за трансферот и 700 милиони плата за играчот. Ама знаете за колкав договор? На една година.

Тоа е сума многу далеку од веќе ненормалните плати на Роналдо и Бензема кои со Ал Наср и Ал Итихад се договорија за 200 милиони годишно.

За понудата да биде уште поприфатлива за Французинот, тие би го ангажирале само за сезоната 2023/2024 и потоа доколку сака тој, би го пуштиле бесплатно да замине во Реал Мадрид.

Романо тврди дека ПСЖ ќе ја прифати понудата на Ал Хилал.

„ПСЖ очигледно прифаќа понуда од 300 милиони евра, но со играчот за сега нема разговори. Ал Хилал ќе му понуди светска рекордна плата, дури и само за една сезона. ПСЖ чувствува дека договорот на Килијан со Реал Мадрид е запечатен за 2024-та година“, пишува италијанскиот инсајдер.

Инаку според новинарот на Скај Спорт, Дармеш Шет, за Мбапе има интерес од повеќе клубови, но никој не може да се доближи до понудата на Арапите.

„Понудата на Ал Хилал не е единствената понуда што ја доби ПСЖ. Пазарот за Мбапе е хиперконкурентен. Огромен број клубови изразија интерес во изминатите 48 часа и спремаат понуди. На ПСЖ не им е гајле каде ќе оди. Ќе ја слушне секоја понуда без емоции. Се работи за пари.

Ќе ги слушаат понудите за позајмица, но очигледно повеќе би сакале голем трансфер. ПСЖ верува дека меѓу заинтересираните клубови се Челзи, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Интер и Барселона. Се разбира, ниту еден од тие клубови никогаш нема да може да се доближи до понудата на Ал Хилал“, вели Шет.

Инаку забеганата понуда според пресметките на Спортбајбл гласи вака:

24 јули 2023 - 14:55