- Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор сака целиот американски буџет да го стави на блокчеин, механизам за финансиски трансакции кој обично се поврзува со биткоин и другите крипто-валути.
- „Ќе го ставам целиот буџет на блокчеин за да може секој Американец, 24/7 да ја провери секоја буџетска ставка која постои,“ рече Кенеди на митинг во Мичиген.
- „Ќе имаме 300 милиони пара очи кои ќе го мониторираат буџетот кога сакаат, па ако некој сака да потроши 16.000 долари за веце шоља, сите ќе дознаат за тоа.“
- Пентагон пред 44 години трошеше по 640 долари за една веце шоља, а во 2018-та заменуваше капаци за 10.000 долари.
- Македонија е земја со многу минато - или без минато, во зависност од вашата перспектива. Архитектурата, историјата, знамето, па дури и нејзиното име на оваа балканска земја без излез на море, сето тоа стана идеолошко бојно поле на кое битки бијат националисти и еврофили, Македонци и Албанците, опколени од Грција и Бугарија. Конзервативците се обидуваат да го зачуваат или конструираат македонскиот национален идентитет, додека непријателските соседни држави бараат земјата здраво за готово да се откаже од своите историски претензии, за пристап во ЕУ, пишува Мет Брумфилд во Анхерд.
- Во 2018-та, државата се согласи да си го ограничи името на „Северна“ Македонија, што резултираше со бизарен микс: „Македонци“ може, „Македонија“ не е политички коректно.
- „Си го сменивме името за џабе,“ му рекла наша новинарка, објаснувајќи му дека СДСМ избрала лузерска стратегија, приоретизирајќи ги НАТО и ЕУ наместо да се справи со забеганите цени и инфлацијата што за многумина го прават животот неподнослив во третата по сиромаштија земја во Европа.
- Ниту либералните и проевропски ниту националистичките и про-Москва политичари се покажаа способни да ја подобрат состојбата во земјата, а Македонците и Албанците подеднакво жалат за недостатокот на вистински политички алтернативи.
- „Се боревме овде во 2001, куќите ни беа запалени и што добивме?“, му рекле Албанци од едно македонско село близу границата со Косово кои му најавиле дека СДСМ ќе изгубат затоа што се корумпирани.
- Земјата моментално лебди во неизвесност, помеѓу оспоруваното минато и можеби недостижната иднина како рамноправна во замислената „европска заедница“. Секој има визија за античкото минато: до алтернативните иднини овде малку потешко се доаѓа, пишува Брумфилд.
- После петчасовна операција на прострелните рани од атентатот, здравствената состојба на словачкиот премиер е стабилна.
- Од петте истрели кон него, 71 годишниот атентатор Јурај Цинтула (работел како обезбедување, се смета за активист и поет) го погодил со два куршума, еден му минал низ стомакот.
- Само еден месец пред атентатот, Фицо предупреди дека опозицијата толку силно ги продлабочува поделбите во општеството, што нема да чуди ако разгорените фрустрации некој ден се претворат во убиство на некој владин политичар.
- Фицо e противник на зголемувањето на овластувањата на СЗО и своевремено инсистираше на одговори за милионите евра потрошени на вакцини кои се покажаа вишок како и за кардиоваскуларните и други нуспојави од вакцинирањето.