- Седмото издание на книжевно – мултимедијалниот фестивал АртАреа/Артерија почнува денес, 15.9 (петок). Оваа година по повод 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, фестивалот е фокусиран на градот Скопје и ќе се одржува на две локации – МКЦ и Буква.
- Отворањето ќе биде во „Буква“, каде што во 19 часот ќе се одржи промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков („Или-Или“, 2023), а промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Максим Ристески. Во 20 часот ќе следува промоција на романот „Рудникот“ од Миодраг Мајиќ („Антолог“, 2023), кој ќе го претстават промоторите Јордан Коцевски и Душко Крстевски, додека во 21.30 часот ќе следува музичкиот блок „Скопје радост ти ќе бидеш“ со Марсо.
- Целосната програма на линкот.
- Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
- Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет.
- „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера. Настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми – монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц“, информираат од Филолошкиот факултет.
- Денес, 1 јуни 2024 г., Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
- За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
- Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.