- Со 120 дела на автори од 30 земји од светот ќе се одржи второто издание на Меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија. Изложбата ќе биде во Мултимедијалниот Центар – Мала Станица, во Скопје, на 16 јуни во 20:00 часот.
- Како што посочуваат организаторите ова е единствена можност кај нас да се видат неверојатно храбри, експериментални и естетски издржани дела од најразлични фотографски техники, од едноставни цијанотипии до оригинални колодиумски стакла од огромен формат.
- По премиерната изложба во Скопје делата од отворениот повик се селат во Битола, во Офицерскиот дом. Но оние кои сакаат на поинаков начин да ја доживеат алтернативната фотографија ќе имаат можност да бидат дел од работилниците за седум алтернативни фотографски процеси кои ќе одржуваат во село Цапари, во просториите на уметничката колонија Де Ниро, од 10ти до 16ти јули. Програмата на Зрно-фестивал 2023 ќе заврши со изложување на дел од делата кои ќе се создадат на работилниците.
- Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
- Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет.
- „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера. Настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми – монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц“, информираат од Филолошкиот факултет.
- Денес, 1 јуни 2024 г., Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
- За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
- Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.