Џереми Ален Вајт ќе го игра Брус Спрингстин во нов биографски филм

Главниот лик од серијата „Мечката“ (The Bear) од ресторанска кујна ќе треба да се прешалта на музичката сцена и да го игра Спрингстин во времето кога овој го снима албумот „Небраска“.

Џереми Ален Вајт ќе ја замени својата готвачка престилка со гитара, кога ќе почне да се подготвува за улогата на Брус Спрингстин во новиот биографски филм. 

Работниот наслов му е „Избави ме од никаде“ (Deliver Me From Nowhere), а ќе биде режиран од Скот Купер, кој го има работено исто така музичкиот „Лудо срце“ со Џеф Бриџис. Приказната се фокусира на правењето на албумот „Небраска“ од 1982, а е базирана на истоимената книга на Ворен Зејнс. 

„Небраска“ е сочинет од мрачни теми кои Брус ги снимил на касетофон во својата спална во Њу Џерси. Во голема мерка повлијаен од филмот „Бедлендс“ на Теренс Малик, Спрингстин денес вели дека тоа му е омилениот албум. Две години подоца, тој и И-стрит бенд го снимаат антологискиот Born in the USA. 

До сега Спрингстин се има појавено во игран филм само во камео во „Хај фиделити“ од 2000-та. Неговата кариера е тема на повеќе документарци, а даде дозвола за филмот „Заслепен од светлината“ (Blinded By the Light) од 2019, базиран на мемоар на Сарфаз Манзур, за неговата љубов кон музиката на Спрингстин додека растел во Лутон.

Вајт доби Златен глобус и Еми за својата улога на шефот Карми Берзато во серијата „Мечката“. Неодамна на големото платно почна да се прикажува и боречката драма „Железнaта канџа“, каде игра заедно со Зак Ефрон. 

27 март 2024 - 16:43