Лувр размислува за преселба на Мона Лиза под земја

Вообичаена сцена во Лувр е посетителите да дремат со часови во ред за да го видат познатиот портрет на Да Винчи. Но кога еднаш ќе се најдат пред него, веројатно заради превисоките очекувања, тие се разочарани. Така ли?

„Најразочарувачкото ремек-дело на светот“. Ова е описот на Мона Лиза, славната слика која е тема на (некој изброил) 18.000 негативни критики онлајн. 

Веројатно самото дело не е ништо виновно, туку кошмарот на тоа да стоиш во ред два часа во сала со бучни туристи. Потоа да имаш 30 секунди да фрлиш поглед на спокојната Лиза на која ич не ѝ чуе за твоите очекувања, и да заминеш прашувајќи се зошто воопшто си се мачел да поминеш низ ова искуство, кога можеш да ја видиш на милијарда слики, дури и во најситни детали. 

За да излезе на крај со оваа ситуација, директорот на Лувр, Лоренс де Кар, неодамна сугерираше релокација на делото во посебна просторија која би се отворила во подрумот на институцијата. На овој начин би се одбегнале гужвите, а и јавното разочарување. 

Ова не е нова идеја, но сега веќе и оние што порано се бунеле се согласуваат. Лувр, имено, го посетуваат девет милиони луѓе годишно, а главната атракција за 80% од луѓето е токму оваа слика. Во текот на еден ден тука поминуваат и до 250.000 луѓе. 

Секако, и по преселбата сликата ќе може да се види, но таа ќе стои во посебна просторија, до која се се стигнува преку посебен влез. Таа беше и мета на протести во јануари, кога активисти фрлија супа од тиква врз неа. За среќа сликата не беше оштетена. 

27 април 2024 - 11:29