Америка толку време се бори со бунтовници, што заборави како се води вистинска војна

Војните што САД го води последниве децении главно се герила војни, заради што и обуката, фокусот и размислувањето на американската армија е во правец на справување со бунтовници, а не фронтовски непријател.

Без да ја оспорува смртоносноста и ужасите на војните што САД ги води во Авганистан и Ирак, во кои и самиот тој учествува, американски воен ветеран, објаснува дека разликата со Украина е што на украинска територија се води војна на индустриско ниво со уништување какво светот одамна нема видено, а таа вештина кај САД, НАТО и европските сојузници има „атрофирано“ последниве децении.

Тој објаснува дека дури и за време на неговата првична обука, никогаш не добива нешто посебно обука за конфликт со рамноправен противник, „малку збореа за тоа, малку имавме обука, но ништо на ниво кое би ме подготвило за војна како онаа во Украина.“ Неговото искуство е дека голем број западни доброволци во Украина не успеале да се адаптираат на војната „бидејќи тие имаат врежани идеи за тоа како работите треба да изгледаат, а во Украина не беа такви.“

Објаснувајќи дека американскиот војник е навикнат да води војна во која има предност во опрема и луѓе, додека во Украина голем дел од времето си во неповолна состојба во однос на непријателот.

„Верувам дека голем дел од обуката што ја имавме се однесува на водење герилска војна отколку војување против речиси рамноправен непријател како што тоа би било со Русија или Кина,“ изјавува изворот на Бизнис инсајдер.

Други американски ветерани кои служеле и во Украина објаснуваат дека американската армија нема искуство за водење војна во ровови или против дронови.

Тие пренесуваат и искуства со обуката од НАТО што им биле раскажани од украински војници, кои, пример, кога прашале како да се справат со обемните руски мински полиња, НАТО инструкторите им одговориле да ги заобиколат. Тоа што го знаат украинските војници е дека дел од руските мински полиња се протегаат со километри, а отворениот простор кој не е миниран оставен е чист затоа што е детално покриен со артилерија.

Посебна приказна е неуспешноста на стратегиите на кои инсистира Западот за заедничко работење на повеќе родови војска, посебно затоа што истите предвидуваат воздушна предност или поддршка, која Украина воопшто ја нема.

Американски ветерани кои биле во Украина се согласуваат со Украинците дека следењето на западната стратегија би довела до полош исход и поголем број загинати.

Ветераните признаваат дека добар дел од нивните западни соборци биле начекани неподготвени од судирот во Украина, бидејќи кога пристигнале таму ги пречекала војна многу поразлична од претходните конфликти во кои учествувале во кои како платеници или војници заедно со бројно и огнено надмоќната американска армија се судираат со бунтовнички групи или терористички организации.

Пример за разлика од Авганистан и Ирак, борбите и гранатирањето во Украина не престанува со недели и немаш никаква шанса ниту да се одмориш, ниту да се релаксираш што дополнително те исцрпува.

„Тој објаснува дека на многу места во кои се борел во Украина немаш место каде е безбедно, додека кога си во Авганистан и Ирак, ако си половина километар позади фронтот може да седиш надвор, да јадеш скара, сендвич и да пиеш,“ пишува Бизнис инсајдер.

Ветераните со кои зборува БИ, порачуваат дека Украина има многу што да го научи Западот за војување со Русија и како да се води конвенционална војна во 2024, нешто што и САД и НАТО го имаат заборавено.

3 мај 2024 - 15:35