Таг: карло анчелоти

Како Ариго Саки го објаснува рецептот за успеси на Карло Алчелоти?

„Знае да ги пренесе вредностите на понизноста, пожртвуваноста и почитта на ѕвездите на Реал во еден амбиент каде понекогаш се правеа грешки. Винисиус е најдобриот пример за тоа“.

Што кажа Мурињо за Анчелоти после финалето?

„Тој не е тренер од социјалните мрежи, туку е соодветен тренер. Тој доаѓа од меритократијата. Одете во неговата канцеларија и погледнете ги неговите медали“, вели искусниот Жозе кој даде точна проценка за човекот кој стигна до 5 трофеи во ЛШ.

А на тема финале во ЛШ, Чаби Алонсо има нешто да му каже на Анчелоти

Чаби Алонсо има освоено два трофеи во Лига на шампиони, првиот како играч на Ливерпул против Анчелоти (2005), вториот како играч на Реал со Анчелоти (2014). Еднаш му ја начна таа тема кога му беше тренер во Баерн и се разбира нема љутиш, Карло е господин човек.

Веѓа тактиката е на Анчелоти, ама ја има и Алонсо

Шегата на страна за ова со веѓата, но тоа што го прави Анчелоти со пресвртите во Реал веќе подолго време, сезонава го прави и Чаби Алонсо со Баер. Големи се шансите да се сретнат во финале и тоа уште летово.

За врвна имитација на Анчелоти клик тука

Тежок е за имитирање, ама овој му ги фатил спецификите и го кине во секој покрет, особено во начинот на радување за гол.

На што размислувал Анчелоти за време на пеналите?

Дон Карло е најјак со изјавата после пласманот на Реал во полуфинале. На прашањето што размислувал за време на пеналите, најпросто и едноставно вели вака: „Па не знам на што мислев, не се сеќавам. Се надевав дека ние ќе дадеме гол, а тие ќе промашат“. Цар.

Елмас џентлменски му честиташе на Анчелоти

И покрај тоа што соработуваа само четири месеци во Наполи, на стартот од сезоната 2019/2020 до месец декември, Елиф Елмас по последниот свиреж веднаш му пријде на својот поранешен тренер и го испочитува со топла прегратка. Лајпциг се соочи со елиминација и одигра 1:1 на реванш осминафиналето од ЛШ кое го одигра многу машки на гостувањето против 14 кратниот европски првак.

Од Чуамени и Камавинга на Анчелоти му излезе Чуаменинга

На толку сменети клубови, успеси и работа со стотици и стотици играчи во 30 годишната кариера, на 64 годишниот Дон Карло му се простува. А и не дека му е лесно и звучно името за памтење. Aurélien Tchouaméni. Треба да сурфа на нет човек за да му го изговори точно, освен ако не знае француски.

Саки: Анчелоти е професор по скромност, плачев и јас во салата

За врвните фудбалски достигнувања како тренер, Универзитетот во Парма на Карло Анчелоти му додели титула на почесен доктор во областа „Наука и методи на превентивна и адаптибилна физичка активност“. 

Пеп па Карло, тие се

Ако во денешно време треба да се каже кој е асоцијација за тренер, тоа сигурно е Пеп Гвардиола. На 52 години има освоено 32 трофеи и во само 14 години кариера стана прв тренер со импресивни 10 полуфиналиња во ЛШ.  Веднаш по него е стариот лисец Анчелоти со едно полуфинале помалку. Инаку 63 годишниот Италијанец има 25 трофеи.

Напорната авантура на Анчелоти во Челси кaде морал да учи англиски по 10 часа на ден

Од проблеми со јазикот, голем притисок од медиумите, но и од Абрамович, двојната круна, па сè до падот кој дојде брзо. Трофејниот италијански стратег синоќа го елиминираше клубот за кој потпиша пред 14 години, доведен за да им ја донесе токму Лигата на шампионите. Не му било лесно со Роман.

Дон Карло полиглотата

25 освоени трофеи со 6 екипи во 5 земји. Тоа носи слава и пари, ама и едно непроценливо богатство, а тоа се јазиците за кои Анчелоти се гледа дека се има потрудено.

Дон Карло на 63 години со кондури игра подобро од Челси

Карло Анчелоти стана рекордер по број на победи во ЛШ со Реал Мадрид. Тоа како тренер. Плус се шири муабет дека газдата на Челси, Тод Боли за него нуди 100 милиони евра и 8 годишен договор, ама да игра.

Кога Анчелоти ги извести играчите дека добиваат слободен ден

Фудбалерите на Реал Мадрид и се одмаздија на Барса за гостинскиот пораз во првенство и тоа со високи 0:4, а во финалето на Купот ќе играат против Осасуна. Без разлика што веќе во сабота го пречекуваат Виљареал, Карло им даде слободен ден. Пазете им ја реакцијава.

Фото на денот

Не дека треба да ги набројуваме, ама ајде. Карло Анчелоти на вечера со Фернандо Јеро, Роналдо, Луис Фиго и Рафаел Надал. Велат дека ги части за титулата.

Анчелоти даде јак денс на шампионскиот автобус

Над 100.000 луѓе ги окупираа улиците во Мадрид за прославата на титулата број 35. Карло Анчелоти беше во елемент, а и како нема да биде кога стана прв тренер во историјата со титула во Серија А, Премиер лига, Бундеслига, Лига 1 и Ла Лига.

Уникатниот рекорд на Дон Карло

Не е лесно да се изгради кариера во најсилните 5 европски лиги. Карло Анчелоти не само што стапна во сите нив, туку успеа да стане првиот тренер во историјата со титула во италијанско, англиско, шпанско, германско и француско првенство. Каков подвиг мајсторе.

Како Анчелоти прима топка на 62 години

Севиља - Реал Мадрид, 29 минута, 2:0. На кралевите не им оди и во еден момент Карло ја нагазува топката ала Зидан.

Кои се јунаците на Шериф кои со Бобан Николов го шокираа Реал Мадрид

„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...

Анчелоти во пејачки елемент

На јако ретро налетаваме. Се работи за забава на Милан после освојувањето на Суперкупот во 2003-та. Славната Лаура Паузини е во прегратка со Галијани, Амброзини и Пипо кој држи фризурче - полуматура. Најнапален е Карло Анчелоти. Му се пее, му се плаче, ама не го знае цел текст.

Абе какви 5:4, кафе пијам сега

Евертон и Тотенхем синоќа одиграа лудачки меч во ФА Купот кој заврши 5:4 за домаќинот во продолженија, 4:4 во регуларниот дел. Ех па Карло што не доживеал, на Куп ќе се пали. Италијанец е, кафе мора да се напие.

Многу емоции и солзи на Анчелоти и Симеоне за Марадона

Карло Анчелоти и Диего Марадона никогаш не играа заедно, туку беа противници како играчи на Наполи и Милан на почеток на 90-те. Но стратегот на Евертон делуваше скршено додека му оддаваше почит пред мечот со Лидс, како да го испраќа најдобриот другар.