Веѓа тактиката е на Анчелоти, ама ја има и Алонсо

Шегата на страна за ова со веѓата, но тоа што го прави Анчелоти со пресвртите во Реал веќе подолго време, сезонава го прави и Чаби Алонсо со Баер. Големи се шансите да се сретнат во финале и тоа уште летово.

Не го отпишувајте кралот, ама немојте ниту Леверкузен. Просто е неверојатно колку пати овие две екипи се враќаат од мртвите и тоа на многу важни натпревари.

Анчелоти со Реал тоа го прави редовно откако направи кам бек на Бернабеу во 2021-ва, а на Алонсо сезонава му успеа 17 пати неговите да постигнат гол во 90-та или 90+.

Имаат важни заеднички мигови овие двајца стратези кои се 22 години разлика. Заедно ја славеа титулата во ЛШ со Реал 2014-та, а три години подоцна и титулата во Бундеслигата со Баерн.

Карло уште пред 8 години на прес во негово присуство кажа дека Чаби би бил добар тренер. И тоа се оствари.

Интересно, тие повторно може да се сретнат наскоро, но овој пат не од иста. Доколку излезат како победници во финалињата од ЛШ и ЛЕ, ќе се соочат во финалето од Супер Купот на Европа кое се игра во Варшава на 14 август.

И Мурињо има изјавено дека Чаби Алонсо еден ден може да стане добар тренер и тоа го образложи со факти

10 мај 2024 - 14:13