- Откако и официјално Баерн Минхен и Милан ќе останат без своите актуелни тренери Томас Тухел и Стефано Пиоли, медиумите почнаа со нагаѓања околу нивните наследници.
- Сегашниот тренер на Астон Вила, Шпанецот Унаи Емери (52) е главен кандидат за нов предводник на Баерн Минхен. Покрај него се уште големи шанси има и Италијанецот од Брајтон Роберто Де Ѕерби. И двајцата прават сјајни резултати со скромни буџети и состави во Вила и Брајтон.
- За тренер на Милан конкурираат: Конте, Чави, Пауло Фонсека, Гаљардо, Серџо Консеисао, Лопетеги, Тухел, Сари и фаворитот на Ибрахимовиќ, Марк ван Бомел.
- Некогашната голема ѕвезда на европскиот фудбал, Португалецот Нани кој играше врвен фудбал за Манчестер Јунајтед кај големиот Сер Алекс Фергусон, се наоѓа пред преселба во Гостивар.
- Македонскиот прволигаш има управа која не жали средства да направи шампионски тим. Според неофицијални извори, пишува сајтот Макфудбал.мк, преговорите со Нани биле во завршна фаза и тој наскоро би можел да стигне во Гостивар.
- Нани играше во Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Спортинг Лисабон а последно играше за турска Адана Демирспор. Има 37 години и има дури 122 настапи за Португалија со 24 погодоци.
- Најдобриот македонски атлетичар постави нов државен рекорд на полумаратонот на Европското првенство во Рим, кој го истрча со време од 1 час, 4 минути и 1 секунда.
- Ивановски заврши 28-ми од вкупно 57 атлетичари и го подобри претходното најдобро време од 44 секунди кое го оствари пред девет месеци во Битола.
- Златниот медал го освои Италијанецот Јеманеберхан Крипа, кој со време 1 час 1 минута и 3 секунди постави нов рекорд на европските првенства.
- Следниот предизвик за Дарио Ивановски се Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули.