- Во драматично финале кое беше решено на пенали, ЦСКА Москва го крена пехарот во Купот на Русија откако беше подобра од Ростов Дон.
- Нашата најдобра ракометарка, Сара Ристовска всушност го одбрани Куп трофејот и постигна 4 гола, а беше избрана и за најдобро десно крило во годинешното издание.
- За ЦСКА Москва ова е трет Куп трофеј во својата клупска историја.
- По неколку неделно исчекување, Светислав Пешиќ го објави списокот за Олимписките игри во Париз на кој се наоѓа и трократниот МВП, Никола Јокиќ.
- Српскиот селектор повика 16 кошаркари кои ќе имаат собир на 24 јуни, а првите тест проверки ќе ги имаат против Холандија и Турција зад затворени врати.
- Пријателски средби за публика, Србија ќе одигра на 12 јули против Франција во Лион, потоа ќе патува во Абу Даби каде на 16 јули ќе се сретне со Австралија, а два дена подоцна со САД. На 21-ви во Белград ќе ја пречека Јапонија.
- Некогашната голема ѕвезда на европскиот фудбал, Португалецот Нани кој играше врвен фудбал за Манчестер Јунајтед кај големиот Сер Алекс Фергусон, се наоѓа пред преселба во Гостивар.
- Македонскиот прволигаш има управа која не жали средства да направи шампионски тим. Според неофицијални извори, пишува сајтот Макфудбал.мк, преговорите со Нани биле во завршна фаза и тој наскоро би можел да стигне во Гостивар.
- Нани играше во Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Спортинг Лисабон а последно играше за турска Адана Демирспор. Има 37 години и има дури 122 настапи за Португалија со 24 погодоци.