- Повеќе месечните протести против употреба на ВАР систем на фудбалските терени во Шведска вродија со плод. Навивачите бурно протестираа од коло во коло и на крајот остварија победа.
- Шведска и официјално стана прва земја која што одбила да користи ВАР систем за проверка на спорни моменти од натпреварите и корекција на судиски одлуки.
- „ВАР нема да се имплементира во нашите натпреварувања“, рекол претседателот на шведската фудбалска федерација Фредрик Рајнфелд кој бил порано и премиер на Шведска и кој претходно најавувал дека овој систем е „наша иднина“.
- Шведските клубови воглавно се организирани по германскиот систем 51% во сопственост на членовите на клубот односно навивачите кои поседуваат и сезонски карти. „Ако добро изброив, имаме 18 елитни клубови и два сојузи кои рекоа дека не сакаат да се внесе ВАР. Го почитуваме тоа“.
- Соседна Норвешка пред една година воведе ВАР систем но и таму траат бурни реакции против и прашање е колку долго ќе се задржи оваа технологија.
- Некогашната голема ѕвезда на европскиот фудбал, Португалецот Нани кој играше врвен фудбал за Манчестер Јунајтед кај големиот Сер Алекс Фергусон, се наоѓа пред преселба во Гостивар.
- Македонскиот прволигаш има управа која не жали средства да направи шампионски тим. Според неофицијални извори, пишува сајтот Макфудбал.мк, преговорите со Нани биле во завршна фаза и тој наскоро би можел да стигне во Гостивар.
- Нани играше во Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Спортинг Лисабон а последно играше за турска Адана Демирспор. Има 37 години и има дури 122 настапи за Португалија со 24 погодоци.
- Најдобриот македонски атлетичар постави нов државен рекорд на полумаратонот на Европското првенство во Рим, кој го истрча со време од 1 час, 4 минути и 1 секунда.
- Ивановски заврши 28-ми од вкупно 57 атлетичари и го подобри претходното најдобро време од 44 секунди кое го оствари пред девет месеци во Битола.
- Златниот медал го освои Италијанецот Јеманеберхан Крипа, кој со време 1 час 1 минута и 3 секунди постави нов рекорд на европските првенства.
- Следниот предизвик за Дарио Ивановски се Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули.