- Прочуениот македонски кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се качил на врвот Макалу висок 8.485 метри, петтиот највисок врв на светот и стана првиот Македонец кој го искачи овој врв.
- Успешната експедиција била составена од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев одел со искусниот Кили Пемба Шерпа.
- Планинарското резиме на проф. д-р Сашко Кедев е импресивно: со Макалу (8.485 метри надморска висина), има вкупно 10 од 14-те „осумилјадарки“. Кедев претходно ги качи Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126 метри), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).
- Некогашната голема ѕвезда на европскиот фудбал, Португалецот Нани кој играше врвен фудбал за Манчестер Јунајтед кај големиот Сер Алекс Фергусон, се наоѓа пред преселба во Гостивар.
- Македонскиот прволигаш има управа која не жали средства да направи шампионски тим. Според неофицијални извори, пишува сајтот Макфудбал.мк, преговорите со Нани биле во завршна фаза и тој наскоро би можел да стигне во Гостивар.
- Нани играше во Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Спортинг Лисабон а последно играше за турска Адана Демирспор. Има 37 години и има дури 122 настапи за Португалија со 24 погодоци.
- Најдобриот македонски атлетичар постави нов државен рекорд на полумаратонот на Европското првенство во Рим, кој го истрча со време од 1 час, 4 минути и 1 секунда.
- Ивановски заврши 28-ми од вкупно 57 атлетичари и го подобри претходното најдобро време од 44 секунди кое го оствари пред девет месеци во Битола.
- Златниот медал го освои Италијанецот Јеманеберхан Крипа, кој со време 1 час 1 минута и 3 секунди постави нов рекорд на европските првенства.
- Следниот предизвик за Дарио Ивановски се Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули.