- Баерн Минхен долго време бараше замена за актуелниот тренер Томас Тухел со кого се договорија по крајот на сезонава да се збогуваат. Баварците првпат после цели 12 години одиграа сезона без освоен трофеј. Испаднаа од борбите за пехар во секој турнир каде што учествуваа.
- Тоа го чинеше Тухел отказ, но Баерн доби „корпа“ од десетина тренери кои ги контактираше затоа што речиси сите од нив имаат важечки договори и планирани проекти во клубовите каде што работат.
- Со оглед на тоа што во последниот дел од сезоната Баерн ја крена формата, а некои од највозрасните играчи како Милер и Нојер побарале Тухел да остане, ништо чудно да се смени планот на „Алијанц Арена“.
- Можно е да е до заситување, можно да е до количина на фудбал а не квалитет зошто ни префинетите непца не би сакале секој ден да јадат кавијар, некогаш на човек му треба и дијета.
- Се трупаат, како одминуваат годините ќе биде сè полошо, се трупаат и натпревари и лиги и турнири едни во други, не стигнуваш ниту да посакаш да гледаш фудбал, не стигнуваш да здивнеш, ни да размислиш, ни да се израдуваш на есента, еве завчера беше финале Лига на шампиони, а веќе утре финале на Европско...
- Уште една причина поради која нема еуфорија за ЕУРО 2024, емотивна и носталгична еуфорија е што нема собирање сликички, нема тапкање, нема „ја иам ја неам“... Поточно има слики и има албум само не се Панини.
- Она што се најавуваше во претходните неколку часа, се потврди попладнево: Игор Тудор веќе не е тренер на Лацио.
- Претседателот на бјанкочелестите Клаудио Лотито, управата, па и дел од навивачите биле непријатно изненадени од наводната листа која Хрватот ја испорачал до клубот: тој барал најмалку 6-7 нови засилувања и плус отворено кажал на кои играчи не смета и може да заминат.
- Ова довело до револт во управата која сега бара начин како да го раскине договорот со Тудор (46). Тој на клупата на Лацио седеше речиси три месеци.