- Бобан Илиоски славеше со судиска одлука против Турчинот Берк Дузенли и стана професионален светски првак во кикбокс на ВАКА ПРО, во дисциплината К1 до 88,6 килограми.
- Илиоски и Дузенли во салата „Јане Сандански“, разменија многу удари, двајцата имаа успешни акции, но нашиот ас воден и бодрен од публиката и навивачката група „Комити“ сепак го имаше последниот збор и успеа да слави над актуелниот светски аматерски првак.
- Инаку Бобан Илиоски беше прогласен за спортист на годината за 2023 година.
- Голманот на македонската ракометна репрезентација, Мартин Томовски заминува од Вардар и се враќа во Бундеслигата.
- Портпишал едногодишен договор со Потсдам кој сезонава обезбеди промоција во германската прва лига.
- За него ова е втора германска авантура после настапите за Фризенхајм 2019-2021, од каде премина во Вардар.
- Во една од најцрните сезони во последните 30-ина години во која Манчестер Јунајтед најеверојатно ќе остане без настап во еврокуп, тренерот од Холандија Ерик тен Хаг и натаму се прави приглуп.
- Од ден на ден пред новинарите дава изјави како не доаѓа збор за негова оставка или отказ, како ја чувствуваат поддршката од навивачите кои им приоѓаат каде и да одат.
- Манчестер Јунајтед сезонава изгуби дури 19 натпревари а толку порази во една сезона немале уште од 1978/1979. „Навивачите се зад мене и зад овој со повреди погоден тим“, рекол Тен Хаг тотално несвесен каква мизерија му се случува на тимот.