- Филип Кузмановски. Некогаш небрусениот битолски дијамант како што го викаше Лино, сега избрусено разигруваше, асистираше, погодуваше на 2-3 пати и промашуваше, но стануваше и продолжуваше и во сите 60 минути успешно се носеше со лидерската улога во репрезентацијата.
- Марко Митев полека но сигурно, во националниот тим израснува во достоен наследник на Филип Миркуловски на кого многу потсетува посебно со оние влезови „на глава“ каде што друг не пушта ни рака. Со својата брзина, прецизност и луцидност веќе е играч што прави разлика.
- Токму во решавачкиот период кога Македонија ја анулира негативата и успеа да се одлепи, во ротацијата на десен бек значајна улога одигра Мартин Серафимов со неколку прецизни проектили од далечина.
- Со осум од осум и со просторот што го отвораше на линијата, Жарко Пешевски беше еден од клучните фактори во нападот на македонската репрезентација, додека Милан Лазаревски имаше главен збор во одбраната и успешно им застана на патот на брзите Фарани.
- Некогашната голема ѕвезда на европскиот фудбал, Португалецот Нани кој играше врвен фудбал за Манчестер Јунајтед кај големиот Сер Алекс Фергусон, се наоѓа пред преселба во Гостивар.
- Македонскиот прволигаш има управа која не жали средства да направи шампионски тим. Според неофицијални извори, пишува сајтот Макфудбал.мк, преговорите со Нани биле во завршна фаза и тој наскоро би можел да стигне во Гостивар.
- Нани играше во Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Спортинг Лисабон а последно играше за турска Адана Демирспор. Има 37 години и има дури 122 настапи за Португалија со 24 погодоци.
- Најдобриот македонски атлетичар постави нов државен рекорд на полумаратонот на Европското првенство во Рим, кој го истрча со време од 1 час, 4 минути и 1 секунда.
- Ивановски заврши 28-ми од вкупно 57 атлетичари и го подобри претходното најдобро време од 44 секунди кое го оствари пред девет месеци во Битола.
- Златниот медал го освои Италијанецот Јеманеберхан Крипа, кој со време 1 час 1 минута и 3 секунди постави нов рекорд на европските првенства.
- Следниот предизвик за Дарио Ивановски се Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули.