- На состанокот во Дизелдроф со селекторите на репрезентациите учеснички на Европското првенство 2024 кое се игра летово во Германија, УЕФА го прифатила предлогот крајниот список со играчи да биде проширен од 23 на 26.
- Ова зголемување на бројот на играчи се користеше на Евро 2021 поради тогашната пандемија, со цел да им помогне на селекциите да имаат повеќе замени во случај некој играч да биде позитивен на тест. Правилото потоа се врати на 23 но сега повторно е изгласано на Евро 2024 секој селектор да има на располагање 26 играчи.
- Одлуката треба да биде потврдена на 22 мај, пишува британски Скај Спортс.
- Некогашната голема ѕвезда на европскиот фудбал, Португалецот Нани кој играше врвен фудбал за Манчестер Јунајтед кај големиот Сер Алекс Фергусон, се наоѓа пред преселба во Гостивар.
- Македонскиот прволигаш има управа која не жали средства да направи шампионски тим. Според неофицијални извори, пишува сајтот Макфудбал.мк, преговорите со Нани биле во завршна фаза и тој наскоро би можел да стигне во Гостивар.
- Нани играше во Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Спортинг Лисабон а последно играше за турска Адана Демирспор. Има 37 години и има дури 122 настапи за Португалија со 24 погодоци.
- Најдобриот македонски атлетичар постави нов државен рекорд на полумаратонот на Европското првенство во Рим, кој го истрча со време од 1 час, 4 минути и 1 секунда.
- Ивановски заврши 28-ми од вкупно 57 атлетичари и го подобри претходното најдобро време од 44 секунди кое го оствари пред девет месеци во Битола.
- Златниот медал го освои Италијанецот Јеманеберхан Крипа, кој со време 1 час 1 минута и 3 секунди постави нов рекорд на европските првенства.
- Следниот предизвик за Дарио Ивановски се Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули.