- Во навивачкиот кодекс постои непишано правило дека доколку на една навивачка група или подгрупа „ѝ падне“ знаме во навивачка акција, истата треба чесно да прекине да постои односно да згасне.
- Во градот Мостар во Босна и Херцеговина, навивачите на Вележ ги нападнале припадниците на навивачката група Ред Арми кои навиваат за Зрињски (клуб на хрватската заедница во Мостар).
- Навивачите на Вележ Мостар објавија фотографија на која се гледа одземена практично цела ограда ударни знамиња на Ред Арми кои после ова би требало витешки и чесно да престанат да постојат под тие имиња.
- Фудбалската репрезентација на Швајцарија за време на Европското првенство ќе тренира на стадионот „Гази“ во Штутгарт во чија близина има голема телевизиска кула што е своевидна туристичка атракција.
- Кулата е редовна дестинација за туристи во Штутгарт и во неа може да се влезе и да се качи до горе за 10,5 евра. Швајцарците при контрола на стадионот во пресрет на Европското забележиле дека од горе би можеле да бидат „шпионирани“ нивните тренинзи и тактички замисли.
- Кулата е висока 217 метри па швајцарската делегација побарала од домаќинот макар додека траат нивните тренинзи, влезот во кулата да биде намален и ограничен со цел да се спречи ривалска шпионажа. Во кулата има и ресторан од кој исто се пружа видик на теренот.
- Соиграчите од германската репрезентација, на еден од последните тренинзи пред стартот на Европското првенство имале расправија која за малку не преминала во голема тепачка.
- Центарфорот на Борусија Дортмунд и стоперот на Реал Мадрид кои играа во финалето на Лига на шампиони еден против друг, ги разделил помошникот на селекторот, Сандро Вагнер кој прв скокнал да спречи тепачка.
- Германците се во група со Шкотска, Унгарија и Швајцарија а првиот меч на отворање на Европското го играат против Шкотланѓаните на 14. јуни во Минхен на „Алијанц Арена“.