- По многу децениски апели, жалби и сугестии, раководството на англискиот фудбал реши во сите рунди од ФА Купот од следната сезона 2024/2025 да нема преигрување ако натпреварот завршил нерешено.
- Ова доаѓа во рамки на новиот шест-годишен договор меѓу Премиер лига и Фудбалската асоцијација на Англија (ФА). Од почеток на ФА Купот, од квалификациите каде што се игра од петта до 10-та лига во англискиот фудбал ќе има преигрување но понатаму сите рунди ќе се играат без преигрување и ако завршат нерешено ќе има продолженија и пенали.
- Оваа убава традиција им овозможуваше на условно помалите и посиромашни клубови да заработат повеќе од евентуален подвиг против големите клубови со кои би играле реванш на поголем стадион и повеќе би заработиле од продажба на карти во договор со тој клуб.
- Досега се преигруваа натпревари при нерешен резултат од 1-во коло до 4-то коло а преигрување во 5-то коло и последните рунди беа укинати во 2018-та година.
- Некогашната голема ѕвезда на европскиот фудбал, Португалецот Нани кој играше врвен фудбал за Манчестер Јунајтед кај големиот Сер Алекс Фергусон, се наоѓа пред преселба во Гостивар.
- Македонскиот прволигаш има управа која не жали средства да направи шампионски тим. Според неофицијални извори, пишува сајтот Макфудбал.мк, преговорите со Нани биле во завршна фаза и тој наскоро би можел да стигне во Гостивар.
- Нани играше во Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Спортинг Лисабон а последно играше за турска Адана Демирспор. Има 37 години и има дури 122 настапи за Португалија со 24 погодоци.
- Најдобриот македонски атлетичар постави нов државен рекорд на полумаратонот на Европското првенство во Рим, кој го истрча со време од 1 час, 4 минути и 1 секунда.
- Ивановски заврши 28-ми од вкупно 57 атлетичари и го подобри претходното најдобро време од 44 секунди кое го оствари пред девет месеци во Битола.
- Златниот медал го освои Италијанецот Јеманеберхан Крипа, кој со време 1 час 1 минута и 3 секунди постави нов рекорд на европските првенства.
- Следниот предизвик за Дарио Ивановски се Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули.