- Македонскиот напаѓач доби уште една потврда за фантастичната сезона во шкотскиот фудбал, го номинираа за фудбалер на годината.
- Во изборот на спорските новинари, за ова признание ќе се бори со Лоренс Шенкленд од Хартс, Џек Батланд од Ренџерс и Мет Орајли од Селтик.
- Во случај да победи, Миовски ќе стане прв играч кој не е од Селтик или Ренџерс со оваа награда.
- Сезонава има 24 гола на сите натпреварувања со кои заслужено ја доби наградата за најдобар играч на Абердин и беше избран во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига.
- По крајот на сезоните во Прва и Втора македонска фудбалска лига познато е речиси се, освен едно прашање. Тоа е кој ќе биде последниот учесник во Прва лига од следната сезона?
- Бараж за опстанок ќе играат најтрофејниот македонски клуб Вардар и Детонит Плачковица која ќе игра за прв историски пласман во ПМФЛ. Баражот ќе се игра следниот викенд односно на 26-ти мај во недела од 17:00 часот.
- Натпреварот е закажан да се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица каде што би требало да има навивачи на двата клуба. ФФМ ги разгледувал кандидатурите за домаќинство на овој бараж на Охрид и Штип но на крај се решиле за Струмица.
- Кошаркарите на Црвена Звезда се шампиони во регионалната Јадранска АБА лига откако го совладаа градскиот ривал Партизан и во третиот меч од серијата. Синоќа црвено-белите ги совладаа црно-белите пред 20.000 навивачи на Партизан 76:82. Најефикасни беа Лука Митровиќ и Рокас Геидраитис со по 12 поени, а Бразилецот Јаго дос Сантос уфрли 11 поени
- Ова беше шести триумф на Црвена Звезда по ред над Партизан а грчкиот тренер Јанис Сферопулос направи нешто што никој досега не го сторил: дури пет пати по ред го совлада Жељко Обрадовиќ.
- За МВП на финалето е прогласен плејот Јаго Дос Сантос.