Олимпијакос ја згроми Астон Вила на гости, на чекор е од големо финале

Грчки Олимпијакос ја забележа можеби најголемата победа во својата понова клупска историја, откако синоќа во Бирмингем во полуфинале од Лига на Конференции ја совлада Астон Вила со 2:4. Финалето на овој турнир се игра во Атина така што навивачите на Олимпијакос сонуваат дека би можеле во својот град да стигнат до пехарот.

Апсолутен јунак на триумфот на црвено-белите од Пиреја е Мароканецот Ајуб Ел Каби кој постигна хет-трик и беше најзаслужен за историската победа на Олимпијакос.

Грчкиот состав беше многу подобар од силниот премиерлигаш и со огромна предност ќе го чека реваншот. На другото полуфинале Фиорентина го совлада Клуб Бриж 3:2 и таму ќе има интересен реванш во Белгија за една недела.

Гостите од 61’ минута играа со играч помалку но и така помалку бројни постигнаа гол за 2:2. Фиорентина во првата минута од судиско продолжене стигна до 3:2 преку Мбала Нзола.

3 мај 2024 - 09:51