- Несекојдневен музички настан организиран од Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, којшто ќе се случи на 11 мај (сабота) со почеток во 12 часот .
- Во Градскиот парк, на „Школка“, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен.
- Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти.
- Во вторник (21 мај) со почеток во 12 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе биде промовирано делото „Дни, години“ од Димитар Башевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година според Струшките вечери на поезијата.
- Како што информираат од библиотеката на промоцијата во спомен-собата „Т’га за југ“ за „Дни, години“ ќе говори Иван Додовски, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.
- За претходно интервју со Башевски тука.
- Канадската писателка и добитничка на Нобеловата награда Алис Манро, почина на 92-годишна возраст во старечки дом во Онтарио. Таа страдаше од деменција повеќе од една деценија.
- Наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“, Манро извршила револуција во архитектурата на кратките раскази. Објавила 14 збирки со кои во 2013 станала првиот добитник на Нобелова за книжевност од Канада.
- Последната книга, „Драг животе“, е излезена во 2012, а дел од расказите се автобиографски. Велела дека туѓите, лошо напишани книги, ја инспирирале, знаејќи дека може подобро. Покрај Нобеловата има добиено и Букер, како и канадската награда Гилер, за „Блуз од мешана крв“.