Bookbox

Како „пиратирале“ драмски текстови во 19 век?

Иако „пиратирање“ можеби и не е најсоодветниот збор за нешто што се случувало во време кога не важеле истите правила за интелектуална сопственост како денес, факт е дека драмски текстови кои играле на славни сцени во 19 век биле крадени и поставувани во помали места, без дозвола ниту од авторот ниту од продуцентот. А крадењето вклучувало многу креативни методи.

Германскиот роман „Каирос“ добитник на Меѓународниот Букер за 2024

Џени Ерпенбек и преведувачот Мајкл Хофман се добитници на Меѓународниот Букер за романот „Каирос“. Таа е прва писателка од Германија што го добива ова признание, а пак Хофман е првиот маж помеѓу досегашните преведувачки (од 2015). 

Фолклористот што се инфилтрираше во Кју Клукс Клан

Во 1940-тите еден човек влегол во експозитурата на озлогласениот расистички клан во Атланта. Тамошните членови и функционери не го знаеле тоа, но тој всушност детално го забележувал сето она што се случувало и не само што ги споделувал информациите со властите, туку истите ги вградил и во две свои книги.

Облеката од иднината била замислена како „пали-носи“

Купуваш нешто, го носиш неколку пати и го палиш за да не мора да го переш или пеглаш. Идејата се појавила во текот на 1950-тите и требало да им помогне особено на жените, ем стално да си носат нешто ново, ем да им ја олесни домашната работа. 

Неандерталците исчезнале затоа што не користеле метафори?

Homo neanderthalensis ги фасцинира истражувачите - неандерталците остануваат во фокусот на дебатите за природата на видот Homo (широка биолошка класификација во која спаѓаат луѓето и нивните роднини). Помеѓу различните теории за тоа зошто тие исчезнале, а ние сме уште тука (бар уште некое време), се промените во мозочната архитектура кај Сапиенс-от, која резултирала со способност за апстрактно мислење. Со други зборови - за метафори.

Франција издаде миризлива поштенска марка во чест на багетот

Со вредност од едно евро и 96 центи, марката на Француската пошта на која е претставен еден од симболите на оваа земја, може да се изгребе и да се помириса. Ако навистина добро го направиле, мирисот е сигурно на свежо печено, таков што можеш да го слушнеш дури и крцкањето на кората.

Ќе се снима нов биографски филм за Леонардо да Винчи

Филмот ќе претставува адаптација на биографијата од 600 и кусур страници на Валтер Ајзаксон за ренесансниот научник, уметник и изумител.

Македонски етнолог на страниците на Њујорк Тајмс

Александар Арабаџиев, етнолог произлезен од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ и мултиинструменталист со потекло од Радовиш, е учесник во ново меѓународно истражување кое се обидува да одговори на прашањето - зошто луѓето создаваат музика?

Нова изложба во Австралија посветена на симболиката на косата

Човечката коса, таа екстензија на нашите тела која е истовремено објект на обожување и на притаен страв, е инспирација на уметници од различни култури и времиња. Најнова изложба во Музејот на модерна уметност Хајд во Австралија ја поврзува со идентитетот, родот и социјалниот статус.

Најочекуваните филмови на Канскиот филмски фестивал 2024

77-иот Кан се одржува од 14 до 25 мај, а претседател на жирито е американската режисерка и актерка Грета Гервиг. Програмата содржи големи холивудски премиери, но и „помали“ филмови кои можат да изненадат.

Последниот скокач

„Универзитетската болница со која соработувавме добиваше многу повеќе скокачи од двете сорти во споредба со другите, поради нејзината близина до главните мостови - Менхетен, Бруклин и Вилијамсбург. Со текот на годините, справувајќи се со скокачитe и со другиот пореметен човечки материјал што работата му ги поставуваше на патот, Хенри стана благо закоравен, може да се каже дури и прегорен...“.

Како треба да се нарекува сопругот на претседателката на државата?

Во својот инаугуративен говор, новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, му се заблагодари на поддршката на својот сопруг. До сега имавме „први дами“, односно сопруги на претседатели-мажи. Како би можела да гласи оваа титула обратно?

Ужасната нова реклама на Епл за најтенкиот ајпад до сега

На ретро грамофон оди весела песна од Сони и Шер. Во кадарот се играчки, музички инструменти, уметнички алатки. Делува фино и носталгично, како да се предмети од нечија тинејџерска соба или складиште на спомени. Сè додека не почне да работи пресата, која од нив прави безоблична каша. Со неа потоа ќе се хранат „вонземјаните“, директно во вена.

Повеќе сакаш да живееш како колибри или како желка?

Скапо е да се лета. Гориш. Ја спржуваш машината. Го топиш моторот. Секое суштество на земјата има приближно две милијарди отчукувања на срцето кои треба да ги потроши во текот на животот. Нив можеш да ги потрошиш кроце, како желка, и да доживееш двесте години, или можеш да ги поминеш брзо, како колибри, и да доживееш две години.

На  13 мај, Меѓународниот ден на миксологијата: што значи зборот „коктел“?

Денес под коктел се подразбира напиток кој се состои од еден или повеќе алкохоли помешани со други состојки, како овошен сок или сирупи. Но потеклото на зборот всушност нема никаква врска со пиење. 

Како филм на Куросава го променил кривичниот закон на Јапонија

Трилер на славниот јапонски режисер од 1963, во кој се случува киднапирање на дете, во тоа време го актуелизирал „лабавиот“ закон кој ја покривал оваа област, кој предвидувал само 5 години затвор за сторителот доколку киднапираниот не е од непосредното семејство на уценетиот. 

Последното интервју на Иван Ивањи

Како некој да го местел датумот, писателот, преведувач и новинар кој пишуваше за белградско „Време“, Иван Ивањи, почина на 96 години на 9 мај, денот на победата над фашизмот. Уште поинтересно е каде - на чекор до логорот во кој бил депортиран пред 80 години, во Вајмар, во омилениот хотел на Хитлер!

Има повеќе од еден начин да си осамен

Чувство дека немаш сродна душа на овој свет. Тага поради загуба на близок човек или место. Вознемиреност дека околината не те разбира. Осаменоста не е едно нешто, туку калеидоскоп на искуства кои се и емоционално, но дури и физички опасни. 

Шкотски уметник собира 1984 примероци од Орвеловата „1984“-та

Уметникот Ханс К Клаусен објави повик читателите да му испраќаат примероци од дистопискиот роман на Орвел, заедно со нивните лични доживувања. Тие ќе бидат дел од инсталација која ќе ја одбележи 75-годишнината од излегувањето на ова славно дело. 

Кога легендарниот продуцент Стив Албини им пишал на Нирвана

На 7 мај од срцев удар ненеадејно почина американскиот музичар, аудио инженер, продуцент и новинар Стив Албини (61). Легендите велат дека има работено на неколку илјади албуми во текот на кариерата, меѓу кои со Пиксис, Пи-џеј Харви и со поранешните членови на Лед Цепелин. Но она што деновиве најмногу се цитира е почетокот на неговата приказна со Нирвана. 

Mузеј ќе се самопрогласи за тоалет за во него да можат да влезат само жени

Поставка дозволува влез исклучиво на жени, пандан на простори каде имаат пристап само мажи, со намера на овој начин да укаже на мизогинијата и патријархатот. Еден посетител кому не му е дозволен пристап до изложбата тужи дека му е загрозено правото на добра и услуги врз основа на неговиот (машки) пол. Судот пресудува во негова корист. Авторката на изложбата наоѓа дупка во законот.

Кој доби Пулицер за 2024-та?

Вчера, 6 мај, на Универзитетот Колумбија беа доделени традиционалните признанија за достигнувања во новинарството, книжевноста и музиката. Најпрестижните награди во овие области во САД се доделија по 108-ми пат. 

Лепорифобија или страв од - зајчиња

За оние кои страдаат од реткиот феномен на страв од зајци нема полош момент од Велигден, со сите тие украси и чоколадни фигури на ова животно. Тоа би требало да асоцира на плодност и будење на природата, ама лепорифобот има поинакви мисли.

Нашиот најдобар пријател - вознемиреноста

Нова книга на Самир Чопра, под наслов „Вознемиреност: филозофски водич“, тврди дека таа е дел од човечката состојба и дека ако ја третираме како непријател, а не како придружник, само си правиме полошо.