Трејлер за „Емили во Париз“ - трета сезона

Ќе нè мачат со туфкање дали да работи за една, или за друга фирма, меѓу другото.

Со куп боја, штикли какви што во Париз никој не носи и други занимливости, Нетфликс ја најави третата сезона на серијата „Емили во Париз“, што треба да дојде на 21 декември.

Пак има нејаснотии околу љубовниот триаголник, а се враќа и оној неинспиративен Британец од втората сезона како дечко на Емили.

Од сега се гледа дека нема да го има во 4-та сезона.

Вака по трејлер изгледа дека ќе биде подосадничко од втора, а дефинитивно од прва сезона, ама тоа не значи дека нема да го одмориме мозокот гледајќи:

Да се потсетиме:

Гледајте „Емили во Париз“ на Нетфликс

Што погоди, а што утна „Емили во Париз“?

Емили во вистинскиот Париз

Гледавте втора сезона „Емили во Париз“?

„Емили во Париз“ лаже по малку, ама Париз е сепак забавен

1 декември 2022 - 12:45