Колку вреди Дензел Вашингтон?

Сумата е импресивна, дури и за таков холивудски ветеран.

Дензел Вашингтон го гледаме веќе четириесет години, и за малку ќе се пензионирал во 2013, да не била Виола Дејвис со која работел на Бродвеј и филм за Fences и му ја вратила љубовта кон актерството.

„Целиот процес е всушност каде што сум сега во животот. Ме разбуди одново. Повторно се почувствував жив и реков дека сакам таа работна етика да ја користам за секој ангажман, во однос на подготовка, истражување, сè. Колку и да е голем филмот, не сакам само да биде уште една тезга.“

Таа работна етика му има донесено 300 милиони долари до сега. Како?

Дензел е роден во 1954 година, а кариерата ја почнува во театар - од Сан Франциско стига до помали продукции на Бродвеј. Откако преминал од театар на телевизија, се прославува со медицинската драма од ‘80-те, St. Elsewhere каде што го игра Др. Филип Чендлер. Ова е само почеток на слоевитата кариера во која има и блокбастер-франшизи и уметнички издржани филмови.

За илустрација, еве ја заработката од неговите топ 5 филмови:

  • The Little Things (2021): $60 милиони
  • American Gangster (2007): $40 милиони
  • Man on Fire (2004): $20 милиони
  • Out of Time (2003): $20 милиони
  • Training Day (2001): $12 милиони

И награди не го заобиколуваат - првиот Оскар го има добиено за најдобра споредна улога во Glory, во 1989 каде што глумеше роб што станува војник во граѓанската војна, а за главна улога има Оскар за превртливиот џандар во Training Day. Номиниран е уште неколку пати. Златни глобуси има три, една САГ награда и две Сребрени мечки.

Последен филм му е третиот дел од Equalizer од 2023.

Ако се мислите што да гледате, со оглед на тоа што сите нови филмови што излегуваат се ужас, еве овде избор:

2 мај 2024 - 08:37